• Latest

Караванот на слободата со голем мултимедијален настан во Тетово

August 26, 2016
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Караванот на слободата со голем мултимедијален настан во Тетово

August 26, 2016 14:40
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Караванот на слободата е денеска во Тетово, каде на Градскиот плоштад ќе се одржи четвртиот голем мултимедијален настан. На големата сцена тетовчани ќе уживаат во звуците на музиката на слободата отсвирена од Мухамед Ибраими, К’пурдат, Пеце Суперхикс и Бени и Нон Стоп. Покрај многу музика, настанот ќе биде збогатен и со „Стихови на слободата“, ликовна работилница и изложба со заеднички наслов „Слобода во боја“, дебатата „Македонија: со или без слобода“ и видео проекции.

IMG_3163

Како и во останатите градови што во изминатиот период ги посети Караванот на слободата и во Тетово ќе се одржи работилница, за граѓански новинари. На работилницата која ќе ја водатСиниша Станковиќ, уредник на ЦИВИЛ Медиа и Петрит Сарачини од ЦИВИЛ – Центар за слобода, координатор на Караванот, ќе присуствуваат млади волонтери и активисти од Тетово кои сакаат да научат за вештините и техниките што им се потребни на граѓанските новинари. Работилницата започнува во 14.00 часот.

Tetovo-leaflet-MK-1-300x211

Мултимедијалниот настан почнува од 18:30 часот во просториите на невладината организација „Лоја“, со дебата на тема „Македонија: со или без слобода“, на која ќе учествуваат граѓанскиот активист Артан Садику, новинарката Кристина Озимец и музичарот Петар Младеновски (Суперхикс). Дебатата ќе ја модерира Петрит Сарачини.

Стихови на слободата ќе читаат поетите Гент Мемети, Садије Алити и Маријана Гугоски.

Уметничката работилница ќе ја предводи академскиот сликар Мирослав Стојановиќ и уметниците Славчо Максимовски и Јакуп Амети.

14067901_1810417915840222_8750427898391826422_o

 

Истовремено, Караванот на слободата продолжува со хуманитарните акции за настраданите во неодамнешните поплави во скопскиот и тетовскиот регион. Пред сцената во Тетово ќе биде поставен штанд, на кој посетителите ќе можат да ги предадат своите донации.

13958026_1811821019033245_4463869682473987576_o

Во текот на вчерашниот ЦИВИЛ, одржа прес конференција во Тетово, каде пред локалните медиуми го најави денешниот настан, а настанот беше промовиран и во Гостивар, Теарце, Јегуновце, Боговиње и Врапчиште.

Караванот на слободата на ЦИВИЛ ќе посети над 30 општини низ целата земја, а на програмата се наоѓаат девет големи мултимедијални настани, со учество на над 150 музичари, над 40 поетеси и поети и исто толку визуелни уметници, околу триесет учесници на дебатите и низа други уметници, интелектуалци, познати личности и активисти.

Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да ја разбуди граѓанската свест за учество во донесувањето одлуки на локално и национално ниво. Проектот е поддржан од УСАИД.

Tags: дебатаизложбаКараван на слободатаконцертМакедонијапоезијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ