Би сакал да ги потсетам луѓето дека не треба да го гледаме украинскиот конфликт во изолација. Имаме кибер напади низ целиот свет и Европа, дури и прелетувања на дронови врз Полска и други држави…Исто така треба да запамтиме дека сме во очи на голем глобален конфликт, како глобална заедница, ние сме на патот кон едно големо глобално нарушување, така што треба да ја гледаме војната во Украина и од тој аспект, посочи Роџер Касале, директор на Вестминстерска алијанса за Украина (Обединето Кралство); коосновач на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (DDGI); поранешен член на британскиот парламент.
Роџер Касале е британски застапник за човекови права, поранешен британски пратеник и основач на New Europeans International. Како директор на Вестминстерската алијанса за Украина и коосновач на DDGI, тој работи на унапредување на европското единство, демократското учество и транснационалната поддршка за слободата, безбедноста и закрепнувањето на Украина.











































