• Latest

Каселакис во колумна за „Катимерини“ анализира зошто бара предвремени избори во Грција

April 9, 2024

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Каселакис во колумна за „Катимерини“ анализира зошто бара предвремени избори во Грција

April 9, 2024 10:48
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Новите податоци за железничката несреќа кај Темпи; скандалот со прислушувањата; текот на економијата, но и безбедноста на грчките граѓани,се темите кои лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис ги анализира во колумната за „Катимерини“ како главни прашања кои „граѓаните не ги знаеја во јуни 2023 година“ кога одлучуваа за кого ќе гласаат на парламентарните избори и објаснува зошто бара предвремени избори, јави дописничката на МИА од Атина.

Каселакис пишува дека „арогантноста на Владата“ по добиените 41 отсто на изборите, не ѝ дозволува да разбере дека „во последните десет месеци се случија одлучувачки настани кои ги менуваат фактите врз основа на кои гласачите му ја доверија власта на Кирјакос Мицотакис“.

Тој коментира дека Грција не може да си дозволи да изгуби уште три години до следните национални избори, „заглавена во непотизам, корупција, небезбедност, економска несигурност и проширување на социјалните нееднаквости“.

– Последователните предупредувања од Европската комисија, Европскиот парламент и Европското обвинителство ни покажуваат дека Владата на Мицотакис флертува со Грекзит од европската демократска институционална рамка. Нема да го дозволиме тоа. Демократијата во оваа земја е света и не можеме да ја оставиме во рацете на оние кои си играат со неа за да останат на власт, порачува лидерот на СИРИЗА.

За железничката несреќа кај Темпи во февруари минатата година кога животот го загубија 57 лица, лидерот на СИРИЗА објаснува дека на изборите, граѓаните не знаеја дека „неколку часа по трагичната несреќа некој ја променил содржината на дијалозите, за да го зајакне аргументот дека причината е човечка грешка“.

За скандалот со прислушувањата се осврнува на одлуката на Државниот совет од минатата недела според која беше прогласен за неуставен член од законот, нешто како што коментира, не постоеше во јуни 2023 година, кога беа изборите.

Како трета тема го наведува случајот со личните податоци на гласачите од дијаспората кои ѝ беа на располагање на европратеничката од Нова демократија Ана Мисел Асимакопулу, без притоа да постои согласност од гласачите.

Во продолжение, Каселакис пишува дека клучно прашање кое „категорично ги побива празните ветувања е текот на грчката економија“ и истакнува дека Грција е втора најсиромашна земја во ЕУ, се наоѓа меѓу првите пет земји во кои се зголемува инфлацијата, а цените на храната се речиси двојно зголемени во однос на европскиот просек.

Tags: Грција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ