• Latest

Каталонскиот Парламент ќе гласа за избор на Ким Тора за премиер

May 12, 2018
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Каталонскиот Парламент ќе гласа за избор на Ким Тора за премиер

May 12, 2018 08:34
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Каталонскиот Парламент денеска ќе гласа за избор на Жоаким „Ким“ Тора за нов претседател на регионалната Влада на Каталонија.

Претседателот на Парламентот, Роже Торент вчера официјално го номинира Тора за функцијата, по консултациите со сите парламентарни партии и ја закажа седницата за денеска на пладне.

Тора, кој важи за приврзаник на тврдокорното крило на каталонските сепаратисти, на седницата ќе ја презентира програмата на наговата влада, по што пратениците ќе треба да гласаат за негов избор на функцијата.

Меѓутоа, Тора најверојатно денеска нема да биде избран за претседател на регионалната Влада, затоа што двете сепаратистички партии кои постигнаа договор за формирање на новата влада – Заедно за Каталонија на Карлес Пуџдемон и Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ), немаат апсолутно мнозинство во Парламентот.

Жоаким Ким Тора

Двете партии имаат 66 пратеници во 135-члениот Парламент, што значи дека за избор на Тора ќе им недостигаат три гласа. Партиите кои се против независноста на Каталонија имаат 65 мандати, а четири пратеници има сепаратистичката Кандидатура на народното единство (ЦУП), која најави дека нема да гласа за изборот на Тора.

Сепак се очекува Тора да биде избран на функцијата при вториот круг гласање в понеделник, кога за негов избор ќе биде потребно просто мнозинство, што би било остварило ако, како што и се очекува, пратениците на ЦУП не гласаат.

Тора беше предложен за претседател на регионалната Влада на Каталонија, откако поранешниот вршител на оваа должност и лидер на сепартистите, Пуџдемон, во четвртокот одби повторно да биде кандидиран за функцијата.

Доколку до 22 мај Парламентот на Каталонија не избере нов претседател на регионалната Влада, тогаш ќе следи негово распуштање и одржување предвремени избори. (МИА)

Tags: владаЖоаким „Ким“ ТораизборКаталонијапарламентПремиер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ