Мисијата на КФОР објави дека спроведуваат операции на северот во Косово за отстранување на неколку возила останати на патиштата по минатомесечните блокади, пренесуваат косовските медиуми.
„Мисијата на КФОР спроведува инженерски операции на северот на Косово за отстранување на некои возила блокирани на патот и за враќање на слободата на движење во согласност со нејзиниот мандат на ОН“ – се вели во известувањето издадено од КФОР.
На 29 декември започна отстранувањето на барикадите во Северна Митровица и други зони.
Нивното отстранување дојде по средбата што претседателот на Србија ја одржа во Рашка, на која беше ветено отстранување на барикадите.
Блокирањето на патиштата во северниот дел на Косово дојде по апсењето на поранешниот српски полицаец Дејан Пантиќ.
Пантиќ беше уапсен од косовската полиција на 10 декември за напад на канцелариите на ЦИК во Митровица и против косовските полицајци.
Н. А.