Кина објави одмазднички царини од 84 отсто за увоз на американски стоки, што дополнително ја разгорува трговската војна меѓу двете најголеми светски економии, пренесува Си-ен-ен.
Кина ја зголеми планираната давачка за американскиот увоз за уште 50 процентни поени од првичниот износ што треба да стапи на сила утре, што одговара на дополнителните трошоци што американскиот претседател Доналд Трамп веќе го наметна за кинеските стоки.
Претходно истиот ден, Кина вети дека ќе преземе „одлучни и ефективни мерки“ за да ги заштити своите права и интереси откако во средата стапија на сила тарифите на Трамп од 104 отсто за кинескиот увоз.
Д. Мишев