• Latest

Кировски: Повеќе немаме колегиуми за безбедност на новинарите

May 11, 2018

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кировски: Повеќе немаме колегиуми за безбедност на новинарите

May 11, 2018 12:27
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашната панел дискусија „(Не) Слободни медиуми во Македонија“ која ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода, Атанас Кировски, директор и главен уредник на Телевизија Телма, зборуваше за физичките напади врз новинарите и неказнивоста како еден од главните проблеми поврзани со новинарската професија.

„Она што можам да го кажам е дека во последниот период од владеењето на претходната политичка гарнитура, ние во Телма на дневна основа имавме колегиуми каде што се размислувавме дали и до кој степен е опасно да испратиме екипа да известува од настан. Павле Беловски беше брутално физички нападнат пред МВР, напад за кој за жал нема судска разрешница. На 27 април немавме можност во живо да известуваме од Собранието онака како што сакавме ни ја искршија камерата, Боби Христов одвај преживеа, новинарките бегаа до хотел Бристол за да се обратат на полицијата да ги заштити, а полицајците само дигале раменици и рекле ‘снаоѓајте се’. Година дена се поминати, а немаме ниту една судска пресуда за истепани новинари. Тоа е огромен скандал. За каков дигнитет ќе зборуваме понатаму кога за обични силеџии кои тепале новинари додека известувале, не можеш да добиеш правосилна пресуда. Од друга страна, пак, да речеме, јас и тројца други колеги сме на суд од еден човек којшто влезе на 27 април во Собрание, затоа што сме го објавиле на телевизија дека бил во Собрание, него го избркале од работа и сега нас не тужат. Како ние да сме го терале да влезе во Собрание. Тоа се тие апсурди со кои се соочуваме“ истакна Кировски.

Првата итна препорака на ЦИВИЛ произлезена од истражувањата и разговорите со медиумските претставници и претставниците на граѓанското општество, како и од анкетите со граѓанките и граѓаните во рамките на проектот „Од разбирање до одбрана“, беше токму стопирање на неказнивоста на оние што на било каков начин ја загрозуваат слободата на изразување и медиумските слободи, а со тоа и безбедноста на новинарките и новинарите.

За неказнивоста како еден од најголемите проблеми на новинарите и медиумските работници предупреди и Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари на Македонија.

„Ова е тема којашто ЗНМ ја третира со особен интерес и за жал во Македонија сè уште постои регистар на над 55 напади на новинари, од коишто само лани се случија 18. Од тие 55, ако се поделат во категории, најголем дел се физички напади на новинари, потоа уништување на нивниот имот, вербални закани, закани по животот на новинарите и по членови на нивните семејства, како и груби навреди изнесени од страна на јавни личности“, истакна Секуловски.

Маја Ивановска

Tags: Атанас КировскиМедиумипанел дискусијаЦивил
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ