• Latest

Дерала: Стоп за неказнивоста!

March 18, 2018

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дерала: Стоп за неказнивоста!

March 18, 2018 14:08
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ организираше тркалезна маса на тема „Има ли слобода во Македонија?“, посветена на слободата на изразувањето и медиумските слободи. 

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ -Центар за слобода, го презентираш проектот „Од разбирање до одбрана“,  анализата што произлезе од истражувањата и разговорите со  медиумските претставници  и претставниците на граѓанското општество, како и од анкетите со граѓанките и граѓаните.

Исто така, Дерала упати и препораки за подобрување и заштита на медиумскиот простор и слободата на изразување во Македонија.

„Прва итна препорака на ЦИВИЛ е токму стопирање на неказнивоста на оние што на било каков начин ја загрозуваат слободата на изразување и медиумските слободи, а со тоа и безбедноста на новинарките и новинарите. Втората препорака е дека јавниот сервис мора конечно да се врати на јавноста. Сите што се одговорни за медиумската ерозија треба да се соочат со правни последици. Третата препорака е да се зајакне независноста на медиумското регулаторно тело, телата за медиумска саморегулација, да добијат соодветна поддршка од институциите на државата без условување и без коруптивни потези.

Четврта препорака е институциите на локално и национално ниво, како и бизнис заедниците, мора да ја почитуваат слободата на изразување и медиумските слободи соодветно на уставните, меѓународните и правните норми и стандарди. Петта препорака е законската регулатива мора да се синхронизира со потребите на медиумите и со потребите за саморегулација. Шестата препорака се однесува на финансиската независност на медиумите како услов за медиумската слобода, но слободата на изразување во целост.

Коруптивното влијание на политичките и бизнис центрите на моќ треба да се идентификуваат и да се спречат со законски мерки и макслимално почитување напрофесионалната етика. Исто така, мора да се креира овозможувачки амбиент во општеството во кое слободата на изразување,медиумските слободи и активното граѓанство ќе се третираат како ресурси на општеството и државата за демократски развој и владеење на правото… Деветтата препорака се однесува на  суштинска и содржајна соработка на медиумите и граѓанското општество… Десеттата препорака е насочување на донаторската заедница кон суштинските потреби на медиумите деполитизација, професионализација и независно работење“, изјави Дерала.

Овие препораки на ЦИВИЛ, истакна Дерала, се резултат токму на учеството на шеесетина претставници на медиумите и граѓанското општество, но и на граѓанките и граѓаните кои преку анкети или неформално ги посочија своите ставови и мислења за состојбата на слобода на медиумите и на слободата на изразување во Македонија.

На тркалезната маса ЦИВИЛ ги покани соговорничките и соговорниците во проектот, чии ставови се објавени и на медиумската платформа на македонски, албански и англиски јазик.

 

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: медиумски слободипрепоракислобода на изразувањеЦивилЏабир Дерала
Share47TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ