• Latest

Кекеновски: Хистеријата со бегалците е монструозно сценарио на ВМРО-ДПМНЕ!

August 25, 2017

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кекеновски: Хистеријата со бегалците е монструозно сценарио на ВМРО-ДПМНЕ!

August 25, 2017 12:30
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во овој момент, ние немаме дециден одговор од министерката Мила Царовска, што понатаму ќе се случува со бегалските кампови, од една страна, а од друга страна, имаме едно монструозно сценарио на партијата, која што до вчера беше на власт, за добивање политички поени во пресрет на изборите. Манипулација со народот, повеќе од јасно!“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, професорот д-р Јове Кекеновски, анализирајќи ги актуелните случувања ширум државата, поврзани со наводната изградба на бегалските кампови.

„Најнапред СДСМ, излегувајќи со некоја стратегија, призна – односно, најави, дека е можно да се градат кампови, за потоа неумешно тоа да го демантира ресорниот министер. Од друга страна, видовме во документите дека поранешниот министер за транспорт и врски, односно Владата на ВМРО-ДПМНЕ се согласила да градат бегалски кампови, а сега, ВМРО-ДПМНЕ тоа го демантира. Односно, се обидува и целиот товар да го префрли на новата Влада, да каже дека таа нема ништо со тоа, и во меѓувреме, ги мотивира, ги инструира, ги присилува членовите и градоначалниците од редовите на партијата, да создаваат хистерија поради градењето на некакви бегалски кампови“, смета Кекеновски.

„Значи, и едните и другите се лицемерни, си играат со чувствата на народот. А, трагедијата да биде уште поголема, ВМРО-ДПМНЕ вчера со соопштение се огради, токму од оние што ги собираат потписите, токму од луѓето коишто се нивни членови, коишто работат под нивни инструкции! И сега, како човек да биде нормален и свесен во оваа држава, кога и едните и другите, си играат со неговите чувства. Ова е страшно, ова е мизерно што ѝ се случува на Република Македонија! Конечно, граѓанинот треба сам да се освести и конечно, да ги казниме, како едните, така и другите“, оценува Кекеновски.

„Треба да им веруваме на институциите. Но, за жал, немаме кредибилни политичари, коишто ги водат тие институции и политичари што ќе држат до своето ‘јас’, значи она што ќе го ветат, тоа и да го исполнат. Напротив, тие се водат од дневна политика, од политиките – или да опстојат на власт или што е можно поскоро да дојдат до власт. За жал, тоа е практика која што нѝ се случува, сите овие години од осамостојувањето“, заклучува Кекеновски.

Моника Талеска

Tags: бегалски камповиВМРО-ДПМНЕЈове Кекеновскилокални избориМила Царовсканова владаполитичка манипулацијаСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ