• Latest

Климатолозите со лоши предвидувања за Балканот

August 7, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Климатолозите со лоши предвидувања за Балканот

August 7, 2021 16:43
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Климатолозите предупредуваат дека климатските промени на Блаканот ќе предизвикаат уште повисоки температури, суши, поплави, но и спротивни екстреми.

Во последните недели, многу делови од светот се борат со катастрофални пожари, а Балканот е меѓу најтешко погодените. Огнот уништи огромни области во Турција и Грција, додека пожари беснеат и во Северна Македонија, БиХ, Хрватска, Косово.

Главна причина е тоа што земјите од регионот летово бележат многу високи температури. Некаде се регистрирани најголеми горештини досега. Во Грција се измерени 46,3, а во Турција 49,1 степени Целзиусови. Таму беснеат најголемите пожари, кои со помош на ветрот, брзо се шират.

Стручњаците се согласуваат дека овие пожари се само една од последиците од климатските промени, кои брзо ги менуваат условите за живот на нашата планета, вклучувајќи го и Балканот кој, според климатолозите од регионот, вакви лета како ова, но и уште полоши, нѐ чекаат во годините кои доаѓаат.

Крешо Панџиќ, климатолог од Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска, тврди дека јуни и јули оваа година биле статистички значително потопли од повеќегодишниот просек од 1981 до 2010 година, со почести екстремно топли периоди кои влијаат врз здравјето на луѓето.

“Климатските сценарија предвидуваат зголемување на фреквенцијата на топлотни бранови во Југоисточна Европа во наредните години или децении, во зависност од сценариото за емисија на стакленички гасови”, истакна Панџиќ, кој предупреди за последиците од високите температури.

Сепак, горештините се само дел од промените, а може да се каже и – помал дел од проблемот, бидејќи високите температури нужно ќе предизвикаат бројни екстремни феномени и временски непогоди кои досега не биле вообичаени на нашите простори.

Едно од нив, тврди Панџиќ, е појавата на „пијавици“, кои со својата сила се повеќе ќе личат на торнадата кои беснеат во Северна Америка.

“Општо земено, во наредните години се предвидува зголемување на фреквенцијата и интензитетот на екстремните временски и климатски појави во сите сезони, како што се зголемување на врнежите, што може да предизвика особено големи поплави, а истовремено би можеле да се очекуваат подолги суши, особено во лето, кога испарувањата поради високата температура на воздухот се поизразени отколку во зима. Сѐ почеста е појавата на разорувачки атмосферски вртлози “пијавици” како на копно така и на море, чија разорна моќ може да се спореди со торнада, кои се најизразени на подрачјето на Големите рамнини во САД, каде што има „судири“ на исклучително топлиот и влажен воздух од Мексиканскиот Залив со релативно сувиот и топол, но посвеж воздух, на Големите рамнини”, вели Панџиќ.

Предупредувањата за екстремно високите температури станаа вообичаени и во Србија.

Процесот на климатските промени, или подобро кажано, глобалното затоплување, беше инициран од прекумерните емисии на стакленички гасови, кои се зголемуваат и носат многу лоши последици за атмосферата, океаните, морскиот мраз, континенталното земјиште, мразот и снегот. Топлите климатски зони се шират кон половите и во височина. На нашите географски ширини, температурата се зголемува за 1,5 степени на секои триесет години, вкупните годишни врнежи од дожд се речиси непроменети, објаснува Горан Пејановиќ, помошник директор на Националниот климатски центар при Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија.

“Не треба да се изненадуваме од поплавите кои се случија во Германија или во нашиот регион во мај 2014 година. Топлотните бранови стануваат сѐ побројни, подолги и поинтензивни, така што од 2000 година, имаше шест големи суши, а една од тие во 2012 година го чинеше земјоделството на Србија две милијарди долари”, наведува Пејановиќ.

Во Босна и Херцеговина е забележан еден од најинтензивните топлотни бранови во изминатиот период. Бакир Краиновиќ, климатолог од Сојузниот хидрометеоролошки завод во Сараево, наведува дека се надминати температурните рекорди на неколку метеоролошки станици, и тоа последователно.

Тој потсети дека, од пет топлотни бранови во БиХ, само два би се случиле доколку нема климатските промени.

Освен „пијавиците“, за кои предупредува Панџиќ, Краиновиќ споменува се поинтензивни поплави, налети на ветер, град и периоди на суша кои, како што вели, ќе бидат последица од климатските промени. Повремените дождови, додава тој, не се доволни за да се подобри општата климатска слика во регионот, така што адаптацијата кон новите услови за живот на Балканот ќе стане неизбежна.

Промените не се случуваат само на копно, тие влијаат и на Јадранското Море. Панџиќ наведува дека „почеста е појавата на морски поплави, кои се многу поизразени поради постепеното покачување на нивото на морето“.

Јадранот е дел од Медитеранот, за кој Светскиот фонд за заштита на природата (WWF) тврди дека станува „најбрзо затоплувачки“ и „најсолен“ со неповратни промени на животот во морето, но и животот на луѓето.

Се наведува дека температурата на Средоземното Море се зголемува за 20 проценти побрзо од глобалниот просек и се предвидува зголемување на неговото ниво за повеќе од еден метар до 2100 година.

“Јадранското Море, како ниту едно друго море, не е изолиран систем, така што сите притисоци што влијаат на Медитеранот во поголема или помала мерка се појавуваат и во Јадранот. Бидејќи станува збор за плитко и полузатворено море, зголемен е ризикот од сериозни и трајни последици од климатските промени во синергија со интензивните човечки активности, како што се туризмот или риболовот, а да не зборуваме за експлоатација на нафта и гас”, предупредува Мосор Прван од WWF Адриа, кој тврди дека високите температури и екстремните временски случувања го менуваат морското дно.

Средоземното Море, предупредуваат од WWF, не е она што било некогаш.

“Тоа се претвора во тропско море. Климатските промени не се закана за иднината, тие се закана веќе денес, за што сведочат научниците, рибарите, нуркачите, крајбрежните заедници и туристите. Ако сакаме да го смениме постојниот тренд, треба да го намалиме човечкиот притисок врз морето и да ја изградиме неговата отпорност. Здравите екосистеми и растечката биолошка разновидност се најдобрата природна одбрана против ефектите од климатските промени”, изјави Џузепе Ди Карло, директор на Медитеранската морска иницијатива на WWF.

За тоа што може да направат земјите од регионот, за барем да ги ублажат драстичните климатски промени на нашето подрачје, Панџиќ и Пејановиќ тврдат дека треба да ги почитуваат одредбите од Парискиот договор за климата.

“За да се одбегне неповратна ситуација, неопходно е да се следат одредбите од Парискиот договор за ублажување на климата од 2015 година, односно постепено да се воведат климатски неутрални зелени економии до средината на 2050 година. Според тоа сценарио, учеството на обновливите извори на енергија треба да биде 70-80 проценти, во споредба со 20-30 проценти извори на фосилни горива, по можност со колку е можно помалку јаглен и нафта, а повеќе природен гас. Поради долгиот „живот“, на повеќето стакленички гасови во атмосферата, враќањето во прединдустриска состојба ќе трае најмалку до крајот на 21. век, но со помалку оптимистички сценарија и значително подолго”, истакнува Панџи./ МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ