• Latest

Кој сака да биде втор?

February 8, 2017
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кој сака да биде втор?

February 8, 2017 15:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Европа се појави серија сатирични видео-стории, како одговор на неодамнешната изјава на Доналд Трамп дека ќе ги стави САД – на прво место. Сите држави во видеата се согласни дека не сакаат да се расправаат со суперсилата, но дека се обидуваат да го обезбедат второто место.

„Натпреварот – Кој сака да биде Втор“ започна со холандското сатирично видео, а останатите европски земји ја следеа Холандија. Бројот на видео-стории постојано се зголемува. Хаштагот за „учество“ во натпреварот е #EverySecondCounts.

И Македонија го објави своето видео, во кое му „објаснува“ на претседателот Трамп, зошто Македонија треба да биде втора.

„Драг господине претседател, ова е порака од Владата на Република Македонија. Покрај тоа што сме популарна и одлична салата, навистина одлична, исто така, сме и земја на Балканот. Ова е Балканот. Зборот ‘балканизација’ доаѓа од начинот на кој се однесуваат земјите на Балканот. Тоа значи да се подели регионот на помали, меѓусебно непријателски насторени држави. Накусо, никој на Балканот не сака да биде тимски играч. Македонија е родена во 1991 година. Ние сме многу млади, може да се каже дека штотуку влеговме во пубертет. Пред 1991 година, Македонија постоеше многу многу години, но најчесто во форма на бебе со посебни потреби, со Аспергеров синдром.

Единствениот пат кога Македонија беше легитимна држава, беше во четвртиот век пред новата ера, кога нашиот голем водач Александар Велики, ја направи Македонија многу добра и огромна земја. За жал, ниту еден друг Македонец во изминатите 2000 години, не успеа да ја направи повторно голема. Уште потажно е дека Грците ќе ви кажат оти Александар Велики е Грк. Па, затоа имаме расправија со нив, околу користењето на името Македонија. Ние велиме дека ние сме Македонци и дека потекнуваме од античките Македонци, а тие велат дека античките Македонци биле Грци и дека ние сме словенско племе. Навистина е смешно, како Австријците и Германците да се расправаат околу тоа дали Хитлер бил Германец или Австриец. Пресмешно е, но поради оваа причина, Грција не сака да биде тимски играч, па не можеме да влеземе ниту во ЕУ, ниту во НАТО. Но, слушнавме дека и вие, исто така, не ги сакате и ЕУ и НАТО. Ние не сме дел од нив, и дефинитивно би требало да креираме наша Алијанса. Покрај тоа што имаме проблеми со социјализација и спријателување со останатиот дел од Европа, успеавме да ја прошириме нашата економија со градење работи.

Ова е нашиот главен град во 2010, а ова е нашиот главен град четири години подоцна. Успеавме да изградиме преку 200 споменици во изминатите шест години. Кој друг може да го стори тоа? Ние сме експерти за градење на непотребни работи, и дефинитивно сме способни да смислиме како да изградиме ѕид во САД. Не постои подобар начин за перење пари и збогатување преку ноќ. Вие ја имате кулата Трамп, ние ја имаме ВМРО-кулата. ВМРО е најбогатата политичка партија во Европа. Таа е исто така нашата владеачка партија. Сите сакаат да бидат ВМРО, дури и Меркел. Вие ја имате Силиконската долина, ние ги имаме истражувачките центри на ВМРО. Обата се центри на иновација. Ние секогаш смислуваме нови начини  за тоа како да извлечеме повеќе пари од нашите граѓани и да се осигураме дека повторно ќе гласаат за нас. Најчесто наоѓаме луѓе кои може да гласаат, но немаат храна. Ние не им даваме храна, тоа не функционира. Ние ги храниме со национализам. Успева секој пат!

Ја имаме најуспешната имиграциона политика. Во скорешната имиграциона криза, милиони емигранти поминаа низ нашата земја, но ниту еден не остана. Нашата имиграциона политика се состои од тоа дека Македонија останува посрано место за живеење, па така, никој не сака да се досели тука. Имаме нула Мексиканци. Тука е рај! Господине претседател ние комплетно разбираме дека ќе биде – „Америка прва“, но ве молиме да ја направиме Македонија втора. Очигледно од нас можете да научите многу. Сé што се обидувате да направите, ние веќе го имаме направено. Ние сме ви потребни. Навистина!“, се вели во видеото.

Покрај Македонија, вакви сатирични видеа од Балканот објавија и Бугарија и Хрватска.

Tags: Александар ВеликиБалканБугаријаМакедонијаМексикоСАДсатирични видеаТрампХоландијаХрватска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ