• Latest

Коалиција за промени и правда: Сакаме соживот, доста ни е од конфликти!

November 7, 2016
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Коалиција за промени и правда: Сакаме соживот, доста ни е од конфликти!

November 7, 2016 18:06
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата за промени и правда, составена од Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, МОРО – РП и ДЕМОС, преку проглас соопшти дека граѓаните не треба да се плашат затоа што режимот ќе падне. Тие додаваат дека на 11-ти декември, заедно со граѓаните ќе кажат доста е: на тиранијата, на теророт и криминалот на Фамилијата на власт, на неправдите кон луѓето и одземената слобода, на корумпираното судство и на сите корумпирани поддржувачи на недемократскиот режим.

koalizia

„Сакаме мир и соживот на граѓаните, без разлика на националната, верската и социјалната припадност. Доста ни е од конфликти на овие основи, само затоа – некој да се дограби или да се одржува на власт. Сакаме што поскоро Македонија да е членка на ЕУ и НАТО! Владеењето на правото не е само парола, тоа ќе ни гарантира стабилност, слобода и правда, економски и културен напредок!“, стои во прогласот на Коалицијата за промени и правда.

Тие велат дека ќе го запрат задолжувањето на Република Македонија, чиј вкупен надворешен и внатрешен долг изнесува над 9 милијарди евра.

„Ќе им кажеме – не, на стравот, очајот, сиромаштијата и безнадежноста во кои живее нашиот народ. Не – за солзите на родителите кои беа присилени да ги пуштат во туѓина, над 600 илјади млади и работоспособни, да ја побараат среќата надвор, бидејќи режимот им ја одзеде во Македонија. Најдоброто, цветот на Македонија, замина со билет во еден правец“, се веливо прогласот

Од коалицијата додаваат дека ќе им се суди на судиите и обвинителите кои ги кршеле човековите права и слободи и кои „им ги зацрниле судбините на илјадници семејства по налог на тиранската власт“.

Д. Муратов

 

Tags: Демократски сојузКоалиција за промени и правдарежимот ќе паднесакаме соживотФРОДЕМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ