• Latest
Добро утро со Орданоски

Кога џукелите завиваат!

February 14, 2018

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Кога џукелите завиваат!

February 14, 2018 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

Господинот Марјан Цветковски е реизбран за генерален директор на МРТВ, со одлука на Програмскиот совет на јавниот радиодифузер. Новиот мандат ќе му трае уште три години, иако на таа функција се наоѓа од 2012 година. Со тоа, мислам дека овој ТОТАЛЕН анонимус ќе стане човекот со најдолг директорски мандат во историјата на македонската, некогашна државна, па потоа јавна радио-телевизија, основана во далечната 1944 година. Наздравје.

Голема е веројатноста дека за него никогаш не сте слушнале, доколку не сте член на раководството на партијата на Никола Груевски или ако, баш, не сте вработен во МРТВ. Да ви наредам десет фотографии за негово распознавање, претпоставувам, а и речиси сум убеден дека ни на слика не би го препознале.

Значи, за човекот кој ќе наврши десетина години раководење со најважниот дел од медиумскиот систем во државата Македонија, од ослободувањето до денес, ниту сте слушнале, ниту, пак, знаете како изгледа.

Не се тревожете – нема зошто да го знаете, со ништо не се прославил. Ако протарашкате малку на интернет, ќе дознаете дека за него се врзуваат главно некакви афери: наводно, дечкото нагло се стекнал со голем недвижен имот во последните десетина години; го третираат како еден од најлојалните послушници и слепи извршители на режимот на Груевски; вршел притисоци врз вработените, во „оние“ времиња, да се излегува на протести против Заев и СДСМ; се озборува како еден од главните оперативци на ТВ Нова на Сеад Кочан (да, да, истовремено со функцијата и платата во МРТВ!); а го има и како прима некаков орден од Иванов… Значи, сè некакви шибицарски безвезарии. Тотален НОУБАДИ!

Е, тој, доби уште три години мандат, по изминатите шест, да раководи со МРТВ, врз основа на поднесена тригодишна програма за работа, што беше услов во распишаниот конкурс за избор. По три години и нови 40 милиони евра од Буџетот на државата подоцна, ќе има право и на реизбор, уште три години. Груевски ќе може вода да му носи, до тогаш дури и Хорхе ќе биде заборавен во некој овоштарник во Валандово!

А сега малку „готвачки специјалитети“ од новинарските кујни: ако се во право моите добро упатени извори, реизборот на г. – како се викаше, бе?… – Цветковски, наводно, е резултат на „договор“ (?!) меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ (?!), со согласност на „меѓународниот фактор“ (?!), за тој да остане на таа функција до усвојувањето на новиот Закон за медиуми, што ќе треба да се случи до крајов на годинава, а потоа, со бирањето на нов Програмски совет на МРТВ, чиј реизбор ќе се пропише во новиот закон, би се одело и на бирање на нов генерален директор, за да може г. – како се викаше, бе?… – Цветковски малку да здивне по напорното раководење со ТВ Нова. Пардон, со МРТВ.

Мене ако ме прашувате, г. – како се викаше, бе?… – Цветковски ќе си остане на челната функција на МРТВ полни три, нови години. Побрзо ќе биде дека оваа Влада на г. Заев ќе падне од власт, пред да се гласа каков било нов закон за медиуми, одошто дека некаков нов Програмски совет на МРТВ ќе бира некаков нов директор на МРТВ.

Единствената среќа во несреќа е што, трагично, под сигурното раководство на старо-новиот генерален директор чие име постојано го заборавам, гледаноста на програмите на МТВ ќе продолжи да биде помала од гледаноста на ТВ Шутел, а за слушаноста на Македонското радио не знам, бидејќи ТВ Шутел не емитува радиска програма.

Што би рекол Грамши, живееме во време во кое старото си замина, а новото сè уште не може да се воспостави – е, во тој временски „празен простор“ нашиве џукели сè уште завиваат. Којзнае што добро ќе излезе од тоа.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: ГруевскидиректорМедиумиМРТВпослушникПрограмапропагандаџукела
Share542Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ