Од јануари 2013 година до денеска или, поточно, во изминатите 5 години, платите на просветните работници само четири пати се исплатени во законски предвидениот рок, односно до 15-ти во месецот!
Март 2013 (локални избори), април и мај 2014 (парламентарни избори) и мај 2017 се месеците кога платите на вработените во образованието се исплатени во законски дадениот рок. Сите останати плати се исплатени со доцнење, што претставува кршење на Законот за исплата на платите од државата.
Доцнењето со исплата на платите на просветните работници не е практика само на минатата, туку и на сегашната власт. На пример, во Скопје, новата локална власт исплатила 4 плати од кои ниту една не е во законски дадениот рок. И петтата се уште доцни.
Во продолжение табела на исплатени плати во изминатите 5 години.
[table id=1 /]
Покрај платите на вработените во образованието, до ЦИВИЛ Медиа постојано стигнуваат информации за доцнење на социјална помош, додаток за трето дете, туѓа нега и детски додаток.
И денеска, на 15 март 2018 година, последниот ден од законски предвидениот рок, од февруарските плати абер нема!
Се поставува прашањето, како да очекуваме почитување на законите кои ги кршат и оние кои најстрого треба да ги почитуваат, како и да ги санкционираат прекршителите?
М. Ивановска