• Latest
Добро утро со Орданоски

Кога загадувањето е како земјотрес

December 12, 2018

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Кога загадувањето е како земјотрес

December 12, 2018 06:14
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]М[/dropcap]ожеби е дојдено време и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да ЗАЧЕПАТ со своите секојдневни партиски препукувања за загаденоста на воздухот во Скопје и Македонија! Доста веќе од тој мизерен пинг-понг со соопштенија и надмудрувања кој е повеќе виновен за ова масовно труење, граѓаните се чувствуваат како некој секој ден само да им дотура сол на таа отворена рана.

Може ли, за промена, да направат едно меѓупартиско тело, макар во Скопје, во Советот на Градот, на пример, со учество на експерти и граѓански организации, каде ЗАЕДНО ќе се занимаваат со барање решенија за овој проблем, без да се обидуваат да прават политички поени на маката на сите?

Нема кому не му е јасно дека се работи за проблем од национално значење, бидејќи се трујат сите, без разлика на партиските определби или симпатии. Проблемот има размери на прашање од национална безбедност, бидејќи последиците се масовни и трагични.

Дополнително, проблемот не може да се реши со палијативни мерки, со трикчиња за односи со јавност, со „сечење на свиоци“, а ниту за една недела, ни за една сезона, можеби не и за еден градоначалнички мандат! Заборавете на партиските дресови, обидете се да ја фатите топката!

За таква соработка, пред сè, градоначалниците од СДСМ и ДУИ низ државава, пред сите Петре Шилегов, ќе мораат да ја стават својата ароганција и суетата во втор план, и да ги поканат опозициските колеги на рамноправна, продуктивна дебата и заедничко делување. Загадувањето го дишеме сите, можат и успехот од евентуалното решавање на оваа катастрофа да ја споделат сите.

Просто, замислете дека се работи за земјотрес со катастрофални размери! Во таква ситуација, во справувањето со последиците, лопатите и копачите немаат партиски дршки. Важно е што побрзо да се спасат преживеаните. Со молат политичарите да почнат да нè третираат како едвај преживеани, а полу-живи, од една природна катастрофа каква што е оваа со загадувањево. Фатете се заедно за рачките на лопатите!

На тој начин подобро и побрзо ќе се алоцираат потребните буџетски пари за неопходните мерки. Ќе се подели и политичката одговорност за непопуларните или контроверзни, а неопходни мерки (а, ќе бидат и непопуларни и контроверзни!). Ќе се исклучи темата од партиски манипулации, со „поглед“ кон следните избори… Ќе се бараат решенија, а не аргументи за понижување на политичките противници.

Разбирам дека за промените на Уставот може да има различни мислења и политички натпревар. Разбирам дека и за висината на данокот треба да се води меѓупартиска битка. Јасно ми е дека и за правосудните реформи нема да може да се постигне политички консензус… Но, зошто е тоа невозможно, па дури и без да се обидат, за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот?

Бидејќи, ако можат да разговараат, со изгледи и да се договорат, за политичко помирување низ кое здружено ќе ја укинат правната држава која гони многумина од тие кои седат на масата за преговори, можеби би можеле да се обидат, за промена, заедно и без кавги да поразговараат и за состојбата со физичкото здравје на нацијата?!

Толку.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share431TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ