Мислењата на граѓаните во Македонија знаат да бидат многу различни, и да одат од крајност во крајност. Такви се и реакциите на прашањето на ЦИВИЛ Медиа кое денеска им го постави на граѓан(к)ите во центарот на Скопје.
Повеќето од анкетираните одговорија дека би ги смениле сите функционери на оваа Влада.
„Јас мислам дека не се за оваа држава, не треба да ја водат! Да ги нема!“ одговори еден граѓанин.
Други велат дека промените се секогаш добри, и добро е да ги има, ама дека сепак не очекуваат премногу.
„Одма Владата би ја сменил, за 24 часа. Не ми се допаѓа оваа Влада. Добро е да има промени, уште една промена да има, па каква таква“.
Друг пак, ни одговори дека не е задоволен од ниту една Влада.
„Нека тера вака. 80 посто од народот гладува тука, 600 000 млади избегаа од тука и станаа Бугари“.
Меѓу анкетираните имаше и такви кои велат дека не ги познаваат сите министри во Владата и затоа не можат да ја оценат нивната работа, меѓутоа генерално се задоволни со оваа власт.
Ангела Петровска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента