• Latest

Кого ќе послуша Заев, партијата, ДУИ или гласачите?

March 1, 2019

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кого ќе послуша Заев, партијата, ДУИ или гласачите?

March 1, 2019 13:13
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска ќе се објави името на кандидатот за претседател на државата кој ќе биде подржан од СДСМ, ДУИ а најверојатно и од ДПА и Алтернатива. Претседателот на најголемата партија на власт ќе биде ставен во ситуација да избира меѓу четирите потенцијални кандидати кои имаат поддршка од различни фактори.

Како што дознава ЦИВИЛ МЕДИА од партиски извори, ДУИ инсистира на Оливер Спасовски, иако тој на сите партиски анкети е зад сите останати кандидати, Стево Пендаровски, Радмила Шекеринска и Никола Димитров.

Спасовски има поддршка и од партиските структури, но неговата кандидатура би била ризична опција, особено во првиот круг, кога се знае дека има еден единствен кандидат Албанец, Блерим Река. На СДСМ им се неопходни и гласовите на Албанците, особено во првиот круг.

Радмила Шекеринска и Никола Димитров имаат еднаква поддршка од партиското членство.

Димитров има поддршка и од некои странски амбасадори, но тој е неприфатлив за албанските гласачи, поради неговото политичко минато, поврзаноста со ВМРО-ДПМНЕ и однесувањето во времето на мировните преговори во Охрид, 2001 година. Според извештаите од тоа време, тој ги напуштил преговорите во Охрид, бидејќи не се согласил со концептот на Рамковниот договор, кој според него не се базира на граѓански, туку на етнички концепт. Според неговите изјави од тоа време, со некои решенија во Охридскиот рамковен договор може да ја поделат Македонија.

Стево Пендаровски нема голема поддршка од партиските структури на СДСМ и на него не се гледа како на партиски човек, но овој факт и односот со јавноста му дава предност кај неопределените гласачи. Во анкетите на СДСМ, тој добива најголема поддршка во споредба со сите други кандидати, вклучително и кај албанскиот електорат. По објавувањето на кандидатурата на Блерим Река, со поддршка на Алијанса и БЕСА, Пендаровски останува како речиси единствена опција што може да привлече повеќе гласачи Албанци во првиот круг.

Името на кандидатот неофицијално се дознава дека ќе се објави вечерва во 20 часот на заедничка прес конференција на Заев, Ахмети и лидерите на другите политички партии.

А. Зеќири

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

Share11TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ