• Latest

Кој ќе се кае: Во преамбулата на хрватскиот устав се наведени 22 малцинства, меѓу нив и Бугарите

April 1, 2023

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кој ќе се кае: Во преамбулата на хрватскиот устав се наведени 22 малцинства, меѓу нив и Бугарите

April 1, 2023 19:00
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Една поента врз друга се наведуваат околу потребата за измена на македонскиот устав. Оние што се залагаат за вметнувањето на Бугарите, како што е условот од преговарачката рамка со ЕУ, го наведуваат хрватскиот устав како пример што може да послужи да се отплетка јазолот, бидејќи таму се набројани 22 етнички малцинства, пишува Независен.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека е подготвен веднаш да почне процедурата за уставните измени ако хрватскиот пример е „формулата за успех“. Но, нагласи дека некој после тоа може „да се кае“.

Не знам дали се сигурни дека сакаат да биде според преамбулата во хрватскиот устав. Јас сум подготвен, ако е тоа формулата за успех, уште утре да ја отпочнеме процедурата, да биде Македонија држава на еден народ и на малцинствата во неа. Ако сакаат уште утре да ја отвориме преамбулата на македонскиот устав и да го направиме тоа според хрватскиот образец. Само да не се каат после тоа, да не речат некои други етнички заедници, не било баш така како што тие кажуваат. Не знам дали ја прочитале преамбулата на хрватскиот устав или така само си кажуваат на памет, но еве ние како ВМРО-ДПМНЕ веднаш прифаќаме таква уставна измена прифаќаме, рече Мицкоски.

Ние не знаеме кој ја прочитал преамбулата на хрватскиот устав, а кој не ја прочитал (дали оние што ја заговараат неа или Мицкоски), но ќе наведеме што пишува во неа.

Во преамбулата на хрватскиот устав се споменуваат дури 22 малцинства, меѓу нив и Бугарите. Таму се споменати и Македонците. Во првиот дел на Уставот на Хрватска, кој се нарекува „Изворни основи“ во точката 2 се наведува:

Република Хрватска е основана како национална држава на хрватскиот народ и држава на припадниците на автохтоните национални малцинства: Срби, Чеси, Словаци, Италијанци, Унгарци, Евреи, Германци, Австријци, Украинци, Русини, Бошњаци, Словенци, Црногорци, Македонци, Руси, Бугари, Полјаци, Роми, Романци, Турци, Власи, Албанци и други, кои се нејзини граѓани, на кои им се гарантира еднаквост со хрватските граѓани и остварување на националните права во согласност со демократските норми на ОН и земјите на слободниот свет.

Според пописот од 2011 година, кога детално се избројани малцинствата, во Хрватска имало само 350 Бугари, од кои најголемиот дел е во Загреб. Тие се организирани во Националната заедница на Бугарите во РХ, а имаат и свое гласило.

Бројот на Македонците во Хрватска е далеку поголем – според бројките од пописот во 2011 тој изнесувал 4.138. Тие се прилично активни во општествениот живот на Хрватска.

Според првичните резултати од пописот спроведен во 2021  населението на Хрватска е намалено за 10 отсто во последните 10 години и сега изнесува 3,88 милиони.

Во преамбулата на македонскиот устав освен македонскиот народ поименично се наведени  припадниците на четири малцинства. Во преамбулата пишува:

…Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија“.

Колку е ова различно од реченицата во хрватскиот устав дека „Република Хрватска е основана како национална држава на хрватскиот народ и држава на припадниците на националните малцинства…“ е прашање на кое клучен одговор треба да дадат уставните експерти, затоа што на прв поглед за лаик разликата изгледа дека ја нема или е само минимална.

Србија има поинакво решение за националните малцинства. Во преамбулата на српскиот устав пишува: „Република Србија е држава на српскиот народ и на сите граѓани кои живеат во неа, заснована на владеење на правото и социјална правда, на принципите на граѓанска демократија, човекови и малцински права и слободи и припадност на европските принципи и вредности“.

Според податоците од српската влада во Србија има 21 национално малцинство и за нивната организација и дејствување секое од нив има Национален совет.

Tags: БугариВМРО-ДПМНЕМицкоскиуставни изменихрватски модел
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ