• Latest
Добро утро со Орданоски

Кој (ќе) заработи на СЈО?

May 30, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Кој (ќе) заработи на СЈО?

May 30, 2019 07:35
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]С[/dropcap]оработката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со власта за постигнување на целите поставени од Европската Унија резултираа со најдобриот извештај на Европската комисија за нашиот напредок кон ЕУ, вклучувајќи ја и јасната пишана и уште појасната изговорена (Хан, Могерини, Жбогар) препорака за почеток на преговорите на Унијата со Северна Македонија. Таа соработка меѓу опозицијата и власта, повремено водена на затворени состаноци на дискретни локации, треба да се одбележи како извонредно достигање, знак за невообичаена политичка зрелост, во тешки времиња на жестоки предизборно-изборни кампањи и континуирани пропагандни и политички конфронтации.

За тоа, капа долу, колку за Заев, уште повеќе за Мицкоски и нивните преговарачки тимови!

Се разбира, во таа соработка има една „сопка“: СЈО.

Сега станува појасно дека одлагањето да се бара сериозно решение за статусот на СЈО е, барем премолчено, договорено и од двете страни – веројатно по малку „посредувано“ и од самата бриселска администрација – за неуспехот на тие преговори да не биде „дамка“ во Извештајот на ЕК. Кои докази да важат и до кога, кои предмети на кое обвинителство да му припаднат и дали на Катица Јанева (лично) и на нејзиниот тим (поединечно) да им се додели уште еден мандат, се прашања по кои нема јасен, безусловен договор, а ни решително приближување на ставовите.

Оваа преговарачка блокада го формира чувството во јавноста дека интересите на некои од засегнатите осомничени криминалци ќе претегнат, наспроти интересите на правната држава, правдата и правото да бидат задоволени. Скопската правно-политичка чаршија е преплавена со шушкања и „доверливи“ информации, пренесувани од „добро упатени“ извори, дека во игра се големи пари, транспортирани и трансферирани овдека од Унгарија до Турција и од Бугарија до Чешка, кои се нудат секому кој делува како каков било „фактор“ кој може да влијае во „играта на троновите“ за постигнување на финалните решенија за СЈО: од политичари и судии, преку адвокати, џандари и бизнисмени, до обвинители и новинари, без особена преференција за нивните идеолошки, професионални или опозициско-владејачки статуси.

Како што поминува времето на одлагањето на политичкиот договор, така во прикаските за големите поткупи превладува сентиментот од поговорката дека „таму кај што има чад, мора да има и оган“. Во држава во која не се сака да се расчисти пребегот на еден осуден бивш премиер, во која без последици по никого со месеци се објавуваат нелегално снимени телефонски и други разговори, во која цели криминални структури се нечепнати (а некои и унапредени) на позиции на моќ и влијание, во која судовите ги развлекуваат судските рочишта како износени хулахопки, а затворите немаат комбиња за пренос на обвинетите до судница… зошто во таква држава да не се верува во можноста дека правдата е на продажба, со таа дребна непријатност за цената малку да се преговара?

Во вакви околности се зголемува бројот на оние кои ги напушта професионалниот ентузијазам, кои „мирисаат“ дека поведението „со крстот на челото“ не е препорака за успех во работата и животот, а од таквите дилеми, до ставот да не се доживее состојбата на „последна будала“ во окружувањето, е прашање на ден, час!

Затоа е упатно да се потсетиме дека по повод тукушто објавениот Извештај на ЕУ, покрај нашата егзалтација од пофалбите, таму стојат и такви констатации дека „корупцијата преовладува во многу области и останува предмет на загриженост“, како и дека „властите мора да ги засилат напорите во насока на демонстрација дека борбата против корупцијата е национален приоритет на сите нивоа на власта“…

Слушате, „власти“, сетете се на овие забелешки пред да го стокмите последниот договор за СЈО. Да не ве читаме вас во следниот извештај на ЕУ.

 

[divide]

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

Share357TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ