• Latest
Фото: Укринформ

Колкава треба да биде помошта на Западот за Украина, за да се направи цената на војната неподнослива за Русија

March 11, 2023
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Колкава треба да биде помошта на Западот за Украина, за да се направи цената на војната неподнослива за Русија

March 11, 2023 11:26
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: Укринформ

Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

ДАНИЕЛ ГРОС / Project Syndicate

Западните лидери постојано ја потврдуваат нивната посветеност на Украина, став кој сè уште привлекува широка јавна поддршка. Но, во однос на пари и оружје, Западот испорачува далеку од доволно помош за да ѝ овозможи на Украина да осигура одлучувачка победа против Русија.

Една година по руската инвазија, украинската војна стана војна на исцрпување, со секоја страна во обид да ја исцрпи другата страна прва. Супериорниот морал и лидрството на Украинците сепак им овозможува важна предност. Но, во војна на исцрпување, рамнотежата на ресурсите е одлучувачки фактор.

Економскиот потенцијал на Украина е занемарлив. По наглиот пад од над 30% во 2022 година, нејзиниот БДП сега изнесува само една десетина од оној на Русија. А тој јаз допрва ќе расте: Меѓународниот монетарен фонд очекува руската економија малку да порасне во 2023 годин. Сама по себе, Украина очигледно не би можела долго време да ја издржи војната на исцрпување.

Но, се разбира, Украина не е препуштена сама на себе, ја има поддршката на Европската унија, Обединетото Кралство и на САД – економии со комбиниран БДП од скоро $45 билиони долари. БДП на Русија, од друга страна, изнесува само $1.6 билиони долари – приближно исто како оној на Италија и нешто повеќе од 3% од оној на НАТО алијансата.

Меѓутоа, во однос на паритетот на куповната моќ, релативната предност на Западот значително се намалува: од околу 30:1 до 10:1. Најточната споредба на предностите на двете страни треба да лежи нешто помеѓу – да речеме, 20:1 – бидејќи Русија произведува голем дел од својата воена опрема евтино дома.

Сигурно си мислите оваа уништувачка економска предност би се превела во доволно поддршка за да ѝ се овозможи на Украина да ја добие војната на исцрпување со Русија. Но, отрезнувачки e ако се погледнат бројките подобро. Показателот за следење на поддршката на Украина на Килскиот Институтот покажува дека ЕУ и САД заедно имаат издвоено околу $150 милијарди долари – околу 0.3% од нивниот БДП – во помош за Украина, а не целиот износ е доделен или испорачан.

Дали финансиска поддршка во износ од 0.2-0.3% од донаторски БДП би била доволна за да и се даде на Украина решавачка материјална предност? Апсолутно не. Всушност, Русија ќе траба да потроши само 4-6% од својот БДП за да ги достигне таквите нивоа на финансирање. Со тоа што рускиот претседател Владимир Путин се има здобиено со речиси апсолутна моќ, а руската популација покажува општа согласност, ова се чини особено можно. За да се направи цената на војната неподнослива за Русија, Западот ќе треба двојно или дури тројно да ја зголеми својата поддршка за Украина.

Потребно е време да се преведе економскиот потенцијал во воени средства. Краткорочно, треба да се земе во предвид и расположивата залиха на тешка опрема со која располага секоја од страните. Тука, повторно, поддршката за Украина останува несоодветна. Сагата со тенковите е конкретен пример. По повеќе од една година од инвазијата и повеќе од еден месец откако Германија им даде дозвола на европските земји да испратат тенкови Леопард 2 од германско производство во Украина, само неколку дестеици– само 2-3% од вкупно расположивите во Европа – се ставени на располагање на земјата, од кои повеќето допрва треба да се испорачаат.

Тенковите произведени во Русија можеби се инфериорни, но има илјадници од нив. Слично, Западната „паметна“ муниција можеби е сто пати поефикасна од руската муницја, но е исто така сто пати поскапа, а само малку од неа е достапна. Тој шаблон се однесува и на многу други области.

Сталин наводно има кажано дека квантитетот има свој квалитет. Не е реалистично да се очекува Украина да ослободи повеќе од својата територија, а камоли сосема да ја избрка Русија, кога Русија има толку јасна квантитативна предност во однос на оружје и потенцијални борци.

Оваа ситуација е во потполна спротивност со европските и американските изјави на солидарност со Украина. Анкети за испитување на јавното мислење потврдуваат дека 74% од Европејците сè уште ја поддржуваат помошта што ја обезбедува ЕУ за Украина и санкциите против Русија. Во САД, јавната поддршка за испраќање оружје во Украина изнесува околу 50%, а во последните месеци, претседателот Џо Бајден и министерката за финансии Џенет Јелен го посетија Кијив, за да испратат порака дека Украина може да продолжи да смета на САД.

Но, јавното мислење и политичката реторика имаат значење само доколку водат кон материјална поддршка. Она што е одлучувачки е подготвеноста да се плати, а низ Западот, ова се чини дека недостасува.

Спротивно на ова е Заливската војна од 1990-91, која започна кога една голема земја (Ирак) го нападна и окупира својот многу помал сосед (Кувајт). Плашејќи се дека анексијата на Кувајт би му дала на ирачкиот диктатор Садам Хусеин контрола врз преголем дел од светските нафтени резерви, САД составија коалиција од 35 земји, чии комбинирани сили лесно ги поразија деморализираните ирачки војници. Иако Германија не испрати војници, таа придонесе со $6 милијарди долари за напорите – многу повеќе, како дел од БДП, од што има дадено на Украина.

Западот се чини дека се надева на чудо – целосна верзија на Рускиот неуспех да го заземе Кијив минатата година. Но, дури и Путин може да научи, а руската војска веќе ги има приспособено своите тактики за војната на исцрпување која што произлезе. Победата во Украина не е веројатно дека ќе биде евтина.

Западните лидери можеби наскоро ќе треба да направат избор: или да ја зголемат материјалната и финансиската поддршка за Украина двојно или тројно, или да ја гледаат Русија како ги задржува териториите што ги окупира денес. Украина вети дека никогаш нема да прифати територијално освојување, инсистирајќи, со поддршка на своите сојузници, дека преговорите можат да почнат само откако Русија ќе се повлече целосно од украинската територија. Но, доколку тоа е целта,  Западот треба да преземе акција со која ќе ги поддржи своите изјави.

Превод: Наташа Цветковска

Извор: Фронтлајн


Даниел Грос е директор на Институтот за креирање европска политика на Универзитетот Бокони.

Tags: западна помошоружјеПроект Синдикатруска агресија врз Украина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ