„Руската инвазија на Украина ја поттикна Европа, или поконкретно ЕУ, да го замени својот технократски пристап кон прашањето за проширувањето со геополитички пристап. На истиот начин, ЕУ почнува да ја сфаќа својата кохезија како ентитет во фундаментални термини“, изјави Катерина Колозова, од Институт за општествени и хуманистички науки, Скопје на конференција „Украина – година на хероизмот“.
„Кои се границите на Европа?“, е прашање на стабилност и опстанок. Така, проширувањето станува централна тема на прашањето за опстанокот и просперитетот на ЕУ, повеќе отколку што се мислеше пред една година и повеќе“, додаде Колозова.
„Би се фокусирала, на обичните луѓе во Украина. Замислете го нивното страдање, но не само страдањето, смртта и уништувањето, туку и на желбата и обидот да живеат и креираат. Пред неколку месеци добив покана од Здружение на украински студенти по философија да се појавам како клучен говорник на конференција со наслов „Нови поколенија“, како што е името на организацијата. Овие млади студенти по философија се обидоа да го прошират говорот пошироко од контекстот на војната, како сѐ да е нормално и вообичаено. Тие се обидоа да креираат, да создадат нешто убаво и интелектуално битно, нешто што е вон стандардните предикаменти. Затоа сакам да ги замислиме овие млади и нивните напори и идеи. Едноставно да го славиме нивниот придонес не само за мирот, кој е надвор од нивните можности, туку, за идејата како да се дојде до мир во дадениот контекст“, изјави Колозова.
Камера: Атанас Петровски/Александар Ризински
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети