• Latest
Добро утро со Орданоски

Контраудар во ВМРО-ДПМНЕ?

March 20, 2018

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Контраудар во ВМРО-ДПМНЕ?

March 20, 2018 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Д[/dropcap]одека Мицкоски и неговото „подновено“ партиско раководство се трткаат и туфкаат со реформите во ВМРО-ДПМНЕ – ако, воопшто, за некакви посериозни реформи веќе може и да стане збор – контролата врз партијата, на терен, му ја превземаат дел од оние негови опоненти кои изгубија на минатите партиски избори. Тие тоа го прават со релативно мал број луѓе кои ги радикализираат активностите на партијата со насилства, притискајќи го Мицкоски „до ѕид“, да не може отворено да се дистанцира од нив и, како слаб претседател, всушност да ја игра нивната игра, според нотите што тие му ги свират. Затоа Мицкоски и делува неавтентично, изнасилено, збунето, па некаде во реториката и патетиката оди дури и во „овердрајв“ таму каде што би требало комотно да вметне во лер.

Ова е, на кратко, контраударот што се одвива во ВМРО-ДПМНЕ против неодамна избраното ново раководство на партијата. На противниците на Мицкоски шансата за оваа внатрепартиска „форца“ против новото раководство им дојде по малку неочекувано и како „на тацна“ со Законот за јазиците, бидејќи таа клика секако не можеше да си дозволи предолго да чека, за Мицкоски да не се стабилизира и, колку-толку, да ги фати партиските „узди“ поцврсто во свои раце.

Оваа игра се одвива на острицата од ножот, позициите дневно се преговараат: пратеничката група им е нешто поапсена, а другото поделена, иако „кон надвор“ глумат обединети; Фамилијата, конзумирана со судски проблеми и со интензивниот процес на заштита и консолидација на украденото, не стои зад пучистите, но го има ставено и Мицкоски „на посматрање“ и го има „заобиколено“ со своите пара-безбедносни структури, за овој да не може ни до тоалет да појде без нивно знаење; општинските комитети се куд-кои-мили-мои; во кадровски „шарените“ врвни колективни раководни тела владеат недоверие, персонални фракции и придушени кавги; а остатоците од пропагандната курирска машинерија тераат патриотски хистерии по инерција, но уредно ќе го предадат Мицкоски кога за тоа ќе дојде време…

А самиот Мицкоски и лојалните околу него на овој „натисок“ се обидуваат да парираат со своја иницијатива, со некаква нова изборна програма, „најдобра до сега“, како да се по малку паднати од Марс, на глава, без падобран.

Во таква ситуација, се чини дека проблемот на Мицкоски е двоен: од една страна, тој сè уште нема авторитет, ниту инструменти за да се наметне во внатрепартиското обединување; а, од друга страна, целиот странски и домашен политички притисок, на дневна основа, е врз него, додека другите опуштено му работат зад грб, без за тоа да мораат да трошат значителни ресурси или кому било за што да одговараат.

Сето ова произведува извесна збунетост кај „патриотската“, вмровска јавност во Македонија. Незадоволството од општите состојби е многу поголемо одошто е скромниот одзив на чиј било повик за мобилизација или протест. Се трола ужасно многу на фејсбук, но за таа негативна енергија поделотворно да се канализира недостасува „инка“ којашто сите би ја препознале и би ѝ се препуштиле да ги преточи во акција. Тие се во состојба на конфузија и дифузија, како да се во Тунгузија, а им треба лидерска инфузија за подигнување на моралот, дополнителната патетика и вербата во помакедонско плачливо утре!

Ништо, на крај ќе мора Мицкоски – и тоа што побрзо, толку подобро за него – да седне со Заев за да се договори за помош како да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ со мандат да води политика што нема да мора да се преговара уште на три-четири места, покрај неговиот партиски кабинет.

Ако не, па, да го вратиме Грујо?

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: властвмроГрујоМицкоскинационализамСЈО
Share149Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Хаотично заебавање

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ