• Latest

Концерт на младата пијанистка Инес Неделковска

May 18, 2018

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Концерт на младата пијанистка Инес Неделковска

May 18, 2018 07:55
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Младата пијанистка Инес Неделковска вечер ќе одржи солистички концерт во Македонската филхармонија. 

Организатор на концертот е Музичката младина на Македонија, а на програмата се дела од Бах, Лист, Шуберт, Прокофјев…

Инес Неделковска е деветто одделение во ОУ „Лазо Ангеловски“ и ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Со  само  15 години и со своите постигнати успеси ширум светот, таа претставува вистински амбасадор на Република Македонија.

Во нејзината биографија веќе се шест први награди на државните натпревари и девет први меѓународни награди. Инес е добитник на три први награди во Њујорк, како и добитник на Гран-при наградата од жирито (тоа е посебна награда доделена од страна на жири комисијата на најдобриот натпреварувач од сите дисциплини на целиот натпревар), прва награда на интернационалниот натпревар по пијано во Лондон, победник во Италија – Наполи и Бари (апсолутен победник), Монте Карло и др.

Младата пијанистка досега настапила во најпрестижните сали во светските метрополи: Њујорк – Меркин Хол во Кауфман центарот, светски реномираниот Карнеги Хол, каде има настапено два пати и во легендарниот Ројал Алберт Хол во Лондон. Како член на престижната светска фондација за млади таленти „Владимир Спиваков“ од Русија, на 10-годишна возраст Инес настапила на три концерти во Москва, во Љубљана, Загреб и Белград.

Покрај тоа што повеќе пати има настапено како солист со Македонската филхармонија, Инес реализирала настапи како солист со Камерниот оркестар од Софија, Камерниот оркестар „Ансамбл Арт Линк млади виртуози“, во престижната сала Коларац во Белград, со Младинскиот симфониски оркестар на Новосибирск… (МИА)

Tags: концертМакедонска филхармонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ