• Latest

Коронавирусот мутира, што значи тоа за нас?

December 23, 2020
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Коронавирусот мутира, што значи тоа за нас?

Претставници во Велика Британија и Јужна Африка тврдат дека новите варијанти полесно се пренесуваат. Има уште многу во приказната, велат научниците

December 23, 2020 09:50
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Само што почнаа вакцините да нудат надеж за излез од пандемијата, претставници во Велика Британија минатиот викенд алармираа за, како што ја нарекоа, високо заразна нова варијанта на коронавирус што кружи во Англија, пишува Њујорк Тајмс.

Истакнувајќи го брзото ширење на вирусот низ Лондон и околните места, премиерот Борис Џонсон го воведе најрестриктивниот карантин во земјата од март. „Кога вирусот ја менува методата на напаѓање, ние мораме да ја промениме методата на одбрана“, изјави тој.

Железничките станиците во Лондон преполни со луѓе кои се обидуваат да го напуштат градот со стапувањето во сила на рестриктивните мерки. Во неделата,

европските земји почнаа да ги затвораат нивните граници за патници од Обединетото Кралство, со надеж да избегнат повторување на патогенот.

Во Јужна Африка се појави слична верзија на вирусот, споделувајќи една од мутациите што се забележани во британската варијанта, според научниците кои го детектирале. Тој вирус е забележан во дури 90 отсто од примероците чии генетски секвенции се анализирани во Јужна Африка од средината на ноември.

Научниците се загрижени во однос на овие варијанти, но не се изненадени. Истражувачите имаат регистрирано илјадници ситни модификации во генетскиот материјал на коронавирусот, како што истиот се шири низ целиот свет.

Некои варијанти стануваат повообичаени кај одредена популација, по случајност, не дека промените некако го зајакнуваат вирусот. Но, како што станува сé потешко патогенот да опстане – поради вакцинациите и растечкиот имунитет кај луѓето, истражувачите, исто така, очекуваат вирусот да добие корисни мутации што ќе му овозможат полесно да се шири или да избегне детекција од страна на имунолошкиот систем.

„Тоа претставува вистинско предупредување дека треба да обрнеме поголемо внимание“, истакна Џес Блум, еволутивен биолог при Центарот за истражување на карцином Фред Хачинсон во Сиетл. „Секако овие мутации ќе се шират и дефинитивно научната заедница – ние треба да ги следиме овие мутации и треба да карактеризираме кои имаат ефекти“.

Британската варијанта има околу 20 мутации, вклучувајќи неколку кои влијаат на тоа како вирусот се врзува во човечките клетки и ги заразува. Овие мутации може да ѝ овозможат на варијантата поефикасно да се реплицира и да се пренесува, рече Муг Цевик, експерт за инфективни болести при Универзитетот Свети Ендрус во Шкотска и научен советник во британската влада.

Но, проценката за поголема преносливост – британски претставници изјавија дека варијантата е дури 70 отсто попренослива – се заснова на проекција и не е потврдено со лабораториски експерименти, додаде Цевик.

„Севкупно, сметам дека треба да имаме малку повеќе експериментални податоци“, рече таа. „Не можеме сосема да го исклучиме фактот дека дел од овие податоци за преносливоста може да бидат поврзани со човечкото однесување“.

Во Јужна Африка, исто така, научниците брзо забележаа дека човечкото однесување ја движеше епидемијата, а не со сигурност новите мутации чии ефекти или преносливост допрва требаше да се квантифицираат.

Британското известување, исто така, предизвика загриженост дека вирусот може да еволуира и да стане отпорен на вакцините кои штотуку излегуваат. Загриженоста е насочена на пар промени во вирусниот генетски код што може да го направи помалку ранлив на одредени антитела.

Но, неколку експерти повикаа на внимателност, велејќи дека ќе бидат потребни години – не месеци – за вирусот да еволуира доволно за да ги направи сегашните вакцини немоќни.

„Никој не треба да биде загрижен дека ќе има една катастрофална мутација што одеднаш ќе ги направи сите имунитети и антитела бескорисни“, вели Др. Блум.

„Тоа ќе биде процес што ќе се случува во текот на повеќе години и бара акумулација на повеќе вирусни мутации“, тој додаде. „Тоа нема да биде како прекинувач за вклучување и исклучување“.

Научната нијанса малку им значеше на соседите на Британија. Загрижени од потенцијалниот прилив на патници кои ја носат варијантата, Холандија изјави дека ќе ги суспендира летовите од Велика Британија од недела до 1 јануари.

Италија, исто така, го суспендира авио сообраќајот, а белгиските претставници во неделата усвоија 24-часовна забрана за авио и железнички сообраќај од Велика Британија. Германија подготвува регулатива за ограничување на патници од Велика Британија, како и од Јужна Африка.

Други земји, исто така, размислуваат за воведување на забрани, меѓу кои и Франција, Австрија и Ирска, според локалните медиуми. Шпанија побара од Европската унија координиран одговор во однос на забраната за летови. Гувернерот Ендру Куомо од Њујорк побара од администрацијата на Трамп да размисли за забрана за летови од Велика Британија.

Во Англија, властите за транспорт рекоа дека ќе го зголемат бројот на полицајци кои ќе ги следат постојките како што се железничките станици, со цел да може само неопходните патувања да се одвиваат. Министерот за здравство на земјата, Мет Ханкок, во недлата ги нарече оние кои ги полнат возовите „јасно неодговорни“.

Тој рече и дека рестрикциите кои Г-дин Џонсон ги наметма може да бидат на сила со месеци.

Како и сите вируси, коронавирусот ја менува формата. Некои генетски промени се безначајни, но некои може да му дадат предност.

Научниците пособно стравуваат од втората можност: Вакцинацијата на милиони луѓе може да го присили вирусот на нови прилагодувања, мутации кои ќе му помогнат да го избегне или да биде отпорен на имунолошкиот одговор. Веќе има мали промени во вирусот кои се имаат појавено независно неколку пати низ светот, сугерирајќи дека овие мутации се корисни за патогенот.

Мутацијата која влијае на чувствителноста на антителата – технички наречено бришењето 60-70, значи дека има букви кои недостасуваат во генетскиот код – забележано најмалку три пати: кај данските ласици, кај луѓе во Велика

Британија и кај пациенти со ослабен имунитет кои биле многу помалку сензитивни на конвалесцентна плазма.

„Ова нешто се пренесува, се стекнува, постојано се прилагодува“, истакна Др. Равиндра Гупта, вирулог при Универзитетот Кембриџ, кој минатата недела детално ја наведе повторувачката појава и ширење на бришењето. „Но, луѓето не сакаат да слушнат што имаме ние да кажеме, а тоа е: Овој вирус ќе мутира“.

Новото генетско бришење го менува шилестиот протеин на површината на коронавирусот, што му е потребен за да ги зарази човечките клетки. Со ова бришење, се појавија независно варијанти на вирусот во Тајланд и Германија на почетокот на 2020 година и се распространија во Данска и Англија во август.

Најпрво, научниците сметаа дека новиот коронавирус е стабилен и тешко веројатно дека ќе може да го избегне имунолошкиот одговор предизвикан од вакцината, рече Др. Дипти Гурдасани, клинички епидемиолог при Универзитетот Квин Мари од Лондон.

„Но, во изминатите неколку месеци стана многу јасно дека мутации може да се случат“, рече таа. „Со зголемување на притисокот на селекција со масовна вакцинација, сметам дека овие мутанти ќе станат почести“.

Неколку неодамнешни трудови покажуваат дека коронавирусот може да еволуира за да избегне препознавање од стран на едно моноклонално антитело, коктел од две антитела или дури конвалесцентен серум даден на одредена лице.

За среќа, целиот имунолошки систем на телото е далеку позастрашувачки противник.

Вакцините на Фајзер – Бионтек и Модерна предизвикуваат имунолопки одговор само кон шилестиот протеин што коронавирусот го носи на површината. Но, секое инфицирано лице произведува голем, единствен и комплексен репертоар на антитела кон овој протеин.

„Факт е дека имате илјадници големи пиштоли насочени кон вирусот„, рече Картик Чандран, вирусолог на Медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн во Њујорк. „Без разлика како вирусот се извртува и проткајува, не е толку лесно да се најде генетско решение што навистина може да се спротивстави на сите овие различни специфичности на антителата, да не зборуваме за другото оружје на имунолошкиот одговор“.

Накратко: Ќе биде многу тешко коронавирусот да ја избегне одбраната на телото, и покрај многуте варијации кои може да ги развие.

Да се избегне имунитетот бара да одреден вирус акумулира серија на мутации, секоја од нив овозможувајќи му на патогенот да ја еродира ефективноста на одбраната на телото. Некои вируси, како инфлуенцата, ги насобираат тие

промени релативно брзо. Но други, како што е вирусот на сипаници, потешко собираат било кои од тие промени.

Дури и на вирусот инфлуенца му се потребни пет до седум години да собере доволно мутации за да целосно го избегне препознавањето на имунитетот, забележа Др. Блум. Неговата лабораторија во петокот објави нов извештај кој покажува дека коронавирусите на обична настинка исто така еволуираат за да ја избегнат детекцијата на имунитетот – но во текот на многу години.

Опсегот на инфекциите во оваа пандемија може брзо да генерира разновидност во новите коронавируси. Сепак, најголемиот дел од луѓето ширум светот допрва ќе се заразат, а тоа ги прави научниците надежно.

„Би ми било малку изненадувачки доколку видиме активна селекција за избегнување на имунитетот“, рече Ема Ходкрафт, молекуларен епидемиолог на Универзитетот Берн во Швајцарија.

„Кај население кое сé уште во најголем дел е наивно, вирусот не мора сé уште да го прави тоа“, истакна таа. „Но, тоа е нешто што би требало да го следиме долгорочно, особено кога ќе почнат да се вакцинираат повеќе луѓе“.

Имунизацијата на околу 60 отсто од популација во рок од една година и оддржувањето на бројот на случаи низок додека тоа се случува, ќе помогне во минимизирање на шансите вирусот значително да мутира, рече Др. Ходкрофт.

Сепак, ќе треба научниците внимателно да го следат вирусот кој еволуира за да ги забележат мутациите што може да му дадат предност во однос на вакцините.

Научниците редовно ги следат мутациите кај вирусите на грипот за да можат да ги надградат вакцините, а треба истито да го сторат и за коронавирусот, рече Тревор Бедфорд, еволутивен биолог при Центарот за истражување на карцином Фред Хачинсон во Сиетл.

„Можете да замислите ваков процес за вакцината против грип, каде ги менувате овие варијанти и секој добива годишна вакцина за Ковид“, рече тој. „Мислам дека тоа е тоа што генерално ќе биде потребно“.

Добрата вест е што технологијата што се користи кај вакцините на Фајзер – Бионтек и Модерна е многу полесно да се прилагоди и ажурира отколку кај конвенционалните вакцини. Новите вакцини, исто така, генерираат масовен имунолошки одговор, така што на коронавирусот можеби ќе му бидат потребни многу мутации во текот на повеќе години пред да треба вакцините да се променат“, рече Др. Бедфорд.

Во меѓувреме, тој и други експерти истакнаа дека Центрите зс контрола и превенција од болести и други владини агенции треба да воспостават национален систем за поврзување на датабази на вирусни секвенции со теренски податоци – како на пример дали инфекција настанала и покрај вакцинација.

„Ова се корисни пробиви за научниците и владите за воспоставување системи – сега, пред евентуално да ни затребаат, особено како што ќе почнеме да ги вакцинираме луѓето“, рече Др. Ходкрафт. “Но, јавноста не мора да паничи“.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Борис ЏонсонвакциниВелика БританијаКОВИД-19мутација
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    167 shares
    Share 67 Tweet 42
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ