• Latest

Косовската академија на науките го избриша името на Али Ахмети откако го обвини за поделба на Косово

December 23, 2022

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Косовската академија на науките го избриша името на Али Ахмети откако го обвини за поделба на Косово

December 23, 2022 13:36
in ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на Демократската унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во својот вчерашен годишен говор, реагираше на анализата од 39 страници на Косовската академијата на науките и уметностите (КАНУ), во која лидерот на ДУИ беше обвинет дека ја поддржал поделбата на Косово.

Ахмети вели дека не се пазари за границите на Косово затоа што тие парчиња земја се крвта на неговата крв.

Неговата изјава доаѓа откако тој во анализа објавена од Академијата на науките и уметностите на Косово беше апострофиран како еден од лидерите на македонските Албанци кој мирно би прифатил поделба на Косово.

„Без разлика на изјавите или анализите  во насока дека наводно сум бил за промена на границите на Косово, јас уште како млад дадов сè од мојот живот за таа независност и за тие граници на Косово и не се пазарам за тие парчиња од земјата што е крвта на мојата крв и крвта на моите пријатели“, изјави Ахмети.

КАНУ сега се повлече од обвиненијата против Али Ахмети. Во претходните верзии, од КАНУ го спомнуваа по име Ахмети, обвинувајќи го дека ја поддржува идејата за поделба на Косово.

„Тој успеа да доминира некои провладини медиуми, успеа да создаде внатрешна поддршка главно преку корумпирани форми на моќ, но не успеа да го промени јавното мислење, кое во голема мера беше против поделбата на Косово. Од друга страна, поддршката што ја доби од некои албански лидери на Северна Македонија (Али Ахмети), дека мирно ќе ја прифатат поделбата на Косово, не барајќи од нив да се приклучат на Косово или Албанија и да не ја распарчат оваа земја, немаше гаранција дека со поделба на Косово, не би се уништил истовремено кревкиот мир во овој „папок“ на Западен Балкан. – се наведува во веќе избришаната верзија на анализата на КАНУ.

Но, името на Али Ахмети веќе не постои во споменатиот параграф.

Вака изгледа едитираниот текст:

„Некои западни дипломатски претставништва оваа околност ја гледаа како „златна можност“ за брзо решение на „косовското прашање“, па зад сцената дадоа поддршка на оваа идеја, користејќи фраза како оваа: ако страните се договорат за решение дури и преку разделба немаме причина да не го поддржиме. Но, како што ќе се види подоцна, ситуацијата на теренот во самото Косово воопшто не беше таква: јавното мислење остана речиси единствено против поделбата на Косово. Од друга страна, поддршката што ја доби од некои албански лидери на Северна Македонија, дека мирно ќе ја прифатат поделбата на Косово, не барајќи да се обединат со Косово или Албанија и да не ја распарчат оваа земја, немаше гаранција дека со таква агенда кревкиот мир во Северна Македонија нема да биде уништен во исто време“, се наведува во едитираната верзија на анализата.

Потсетуваме дека Академијата на науките и уметностите на Косово беше жестоко критикувана во јавноста за извештајот, во кој  ги критикуваше поранешните влади, поранешниот претседател Хашим Тачи, албанскиот премиер Еди Рама, лидерот на ДУИ Али Ахмети, ЕУ, Албанија, Турција, Северна Македонија итн.

Н.А

 

Tags: Али АхметиКосовоКосовската академија на Науките
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ