• Latest

Косовски министер: Србија под влијание на Русија сака да го дестабилизира Косово

December 27, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Косовски министер: Србија под влијание на Русија сака да го дестабилизира Косово

December 27, 2022 18:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла изјави дека Србија, под влијание на Русија, планира да го дестабилизира Косово со поддршка на српското малцинство на северот на земјата, кое веќе три недели протестира и ги блокира патиштата.

Србите во поделената Косовска Митровица, на северот на Косово, денеска подигнаа нови барикади, неколку часа откако Белград објави дека српската војска е во состојба на висока борбена готовност, по неколкунеделната ескалација на тензиите меѓу Белград и Приштина.

Токму Србија, под влијание на Русија, ја подигна состојбата на воена готовност и нареди да се подигнат нови барикади за да се оправдаат и заштитат криминалните групи кои ги тероризираат граѓаните од српска националност на Косово, истакна косовскиот министер.

Србија негира дека се обидува да го дестабилизира Косово и тврди дека сака само да го заштити српското малцинство. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека Србија „ќе ја продолжи борбата за мир и ќе бара компромисни решенија“.

На прес-конференција со патријархот на Српската православна црква, Порфирије, кому еден ден претходно не му беше дозволен влез во Косово, Вучиќ ги обвини „Албанците и дел од меѓународната заедница“ дека нивната цел е да ги протераат Србите од северниот дел на Косово.

Крајната цел е исфрлање на Србија за сите времиња од Косово и Метохија, а особено протерување на апсолутно непослушниот српски народ, рече српскиот претседател.

Официјален Белград еден ден претходно соопшти дека Косово планира да ги нападне Србите и насилно да ги отстрани барикадите што тие ги подигнаа на северот на Косово, па и нареди на армијата да биде во највисока готовност, пренесува Индекс.хр.

Србите во Косово подигаат барикади од 10 декември, по апсењето на поранешен полицаец за наводен напад врз просториите на косовската Централна изборна комисија. „Уапсениот Дејан Пантиќ е обвинет за тероризам и напад на уставниот поредок“, изјави тогаш министерот Свечла.

Косовската Влада соопшти дека полицијата е подготвена да дејствува, но дека чекаат мировните сили на НАТО – КФОР на Косово да одговорат на нивното барање за отстранување на барикадите. Вучиќ нагласи дека се водат разговори со странски дипломати како да се реши ситуацијата.

Србите на Косово денеска во Митровица го блокираа патот што го поврзува мнозинскиот српски дел од градот со оној со албанско мнозинство.

Tags: блокадивлијаниеКосовоРусијаСрбијатензии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ