• Latest

Костадиновска – Стојчевска од Форумот на Културните рути на Крит: Ја отвораме нашата земја за да ја надополниме богатата европска историја

October 6, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Костадиновска – Стојчевска од Форумот на Културните рути на Крит: Ја отвораме нашата земја за да ја надополниме богатата европска историја

October 6, 2022 11:29
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера попладне на Крит се обрати на свечената церемонија на Форумот на Културните рути на Советот на Европа, која се одржа во Хања, на Крит, информираат од Министерство за култура.

Церемонијата ја отвори амбасадорот Патрик Енгелберг, претседавач на Статутарниот комитет на Договорот за парцијално проширување на Културните рути 2022, кој им го честиташе вклучувањето на новите членки, Северна Македонија, Либан и Албанија.

Министерката Костадиновска-Стојчевска поздравувајќи ги високите гости, изрази благодарност што Северна Македонија станува дел од оваа уникатна иницијатива, и додаде:„ На оваа програма гледаме како на заедничка придобивка – преку нашите национални културни вредности да ја збогатиме колоритноста на идентитетската карта на Европа и преку дијалог и меѓусебно почитување да создадеме заеднички културен простор“.

„Ние сме и сакаме да бидеме и чувари и градители на европските вредности. И преку овие културни рути, ја отвораме нашата земја за да ја надополниме богатата европска историја. Веќе наоѓаме ‘станици’  во утврдените 48 културни рути – од патот на браќата Кирил и Методиј,  жените писателки, до патот на приказните;  од патот на керамиката до патот на виното и на маслинките, но имаме идеи и енергија за нови патешествија. Зошто да не и: културни рути на аквадуктите, на европските езера, на европските планински врвови, патот на јагулата, до патиштата на вкусовите кои се вкрстуваат и на трпезата нè поврзуваат“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Досега, преку неколку компании, Северна Македонија беше дел од Рутата на маслиновите дрва и Винската рута, Итер Витис. Сега, како рамноправна членка нашата држава има широка платформа за приклучување во европските мрежи за промоција и афирмација во сите полиња на општествениот и економскиот сектор.

Културните рути овозможуваат развој во полето на културата, но и на економијата и одржливиот туристички капацитет на секоја земја, унапредување на односите и комуникацијата во заштитата на културното и природното наследство, во архитектурата и секој вид посебност што културните патеки го нудат за поврзување низ времето и просторот на Европа, користејќи ги придобивките од историјата, но и од актуелните достигнувања на секоја земја.

Советот на Европа преку Културните рути ги унапредува и афирмира човековите права, културната различност, меѓукултурниот дијалог и меѓусебната размена преку границите.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ