• Latest

Костадиновска-Стојчевска: Стратешка цел е да бидеме дел од ЕУ, како Македонци со македонска култура и македонски јазик 

June 30, 2022
Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Со поддршка од ЕУ, зајакнување на македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

May 23, 2025

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Фотографија: МИА

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај, Сиљановска го предложи Славески

May 23, 2025

(ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW News

Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

May 23, 2025
Вештачка интелигенција (Foto: Wikimedia Commons)

Советот на ЕУ предлага инклузивна и етичка стратегија за користење на вештачката интелигенција во науката

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Economic Times

Иран не верува дека е веројатен нуклеарен договор, иако разговорите со САД се очекува да продолжат

May 23, 2025

РЕАКЦИИ: Телевизиите – под партиски диктат, без креативна слобода?

May 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Костадиновска-Стојчевска: Стратешка цел е да бидеме дел од ЕУ, како Македонци со македонска култура и македонски јазик 

June 30, 2022 09:51
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, КУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

-Сакаме да се признае македонската култура, македонскиот јазик, нашата етничка припадност и посебноста што ја имаме како Македонци и како што неколкупати напомена нашиот премиер, „Да“ нашата стратешка цел е да бидеме дел од ЕУ, но не сакаме ништо повеќе или помалку отколку што заслужуваат, сакаат или имаат другите земји-членки на ЕУ, одговори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во ексклузивното интервју за албанската телевизија „Топ ченел” на прашање за спорот со Бугарија, информираат од Министерството за култура.

Во рамките на Министерскиот состанок за  култура на Западен Балкан, таа рече дека културата е делот кој го надополнува секој друг сегмент кој е дел од Отворениот Балкан.

– Како Министерство имаме одлична соработка со двете министерства за култура на Албанија и на Србија и со сигурност можам да кажам дека културата ќе биде највидлива на економската страна, спортот и образованието, додаде Костадиновска-Стојчевска.

Според неа министерската платформа за култура, иницијативите и состаноците се секогаш добредојдени бидејќи секогаш е добро сите да се на маса за размена на идеи и практики особено проекти посветени на младите.

– Ние имаме многу млади уметници и Министерството за култура има посебен фонд кој инвестира во нивната работа и развој, но морам да истакнам дека културата во Северна Македонија беше единствената што немаше никакво кратење на финансиите бидејќи културата е сегментот кој на луѓето им требаше повеќе од кога било во овие две години, мислам дека ни претстои интересно лето, рече во интервјуто Костадиновска-Стојчевска.

Министрите ги истакнаа предизвиците со кои се соочуваат со младите и културното наследство на министерскиот состанок за лансирање на Првата министерска платформа на Западен Балкан за култура во Тирана, Албанија организиран од страна на Марија Габриел, европска комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади. Во моментот се реализираат 13 проекти во висина од 3 милиони евра кои се наменети за Западен Балкан за да се негува и зачува културното наследство. Оваа платформа има улога, преку неа заеднички да делуваат земјите од регионот на полето на културата.

М.Д.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ – опфатени двајца екс директори и четворица лекари онколози

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ