• Latest

Костовски: Секој искажан збор е како испукан куршум, затоа велам не на говорот на омраза

July 23, 2022
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Костовски: Секој искажан збор е како испукан куршум, затоа велам не на говорот на омраза

July 23, 2022 14:00
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗЈАВИ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Јас не сакам да бидам запомнет како пратеник што во делот на толку многу битно историско прашање имав средба со еден, како да го кажам, пратеник од опозицијата којшто на крајно невротичен начин сакаше и бараше инцидент цело време. За жал, ќе додадам дека како пратеници од власта или проевропски пратеници бевме изложени скоро три дена на канонада како во Собранието така и надвор од него, на пцовки, навреди и што уште не“, изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Етничка омраза од собраниска говорница“.

„Ние имаме потпишано Кодекс на етичко однесување и мислам дека сите 120 пратеници во Собранието го потпишаа. Меѓутоа тоа што е потпишано дали се почитува, тоа најдобро ќе оценат граѓаните, јавноста… Не е облигаторен. Сега сме во постапка по иницијативан а претседателот на Собранието, Талат Џафери за промени на Деловникот за работа на самото Собрание. Тој процес симболично се нарекоува Жан Моне, за донесување на нов Деловник. Ние работиме по деловник од 2008 донесен од ВМРО-ДПМНЕ. Дали има прпопусти, мани, да, и работните групи работа на тој процес.

Доколку секој еден пратеник на говорница, дали на работа на Комисија или на пленарна седница изрече нешто со што во неговиот говор ќе се детектира повреда на верско, национално или било какво чувство, ајде да го казниме со 20 до 50% од плата.

Ќе видите колку многу ќе се намали. Верувајте ова многу пати сме го дискутирале. Кога ќе посегнеш по материјалнте добра на пратеникот мислам дека ќе си стави прст на чело дали е тоа добро или не. Немањето облигаторност во самиот Кодекс за етичко однесување придонесе тие да се однесуваат на недобар начин“, истакна Костовски.

„Која е контрадикторноста во ставовите на главната опозициска партија. Цело време не обвинуваат дека сме предавници, дека гласаме некакво продавање на Македонија, бугарски рекет… тоа беше обвивка на целата дебат во три дена, за да утре дента нивниот лидер каже дека не гласале затоа што тие заклучоци немале правно дејство.

Навраќајќи се на вокабуларот на лидерот на опозицијата дека државата добила дипломатски нокаут, можам слобоно да кажам дека македонската дипломатија зададе силен апрекат самиот преговарачки процес, пред сè почитувајќи ги сите оние црвени линии во Резолуцијата донесена во Собранието бранејќи го македонскиот јазик“, додаде Костовски.

„Едно големо НЕ на говорот на омраза. Вашите настапи во Собранието покажувааткакви сте и што сте, вашиот хбитус, вашата душа, вашиот интелект и вашата мисла. Стоп на говор на омраза не само во Собранието туку и по социјалните медиуми, медиумите генерално.

Секој искажан збор е како испукан куршум, потоа враќање нема, секој искажан збор може да придонесе за релаксација на меѓуетничките односи за една хармоничност во делот на живеењето на сите етникуми во државата или, напротив, ако оди во некаква негативна насока да останеме заборавени во своите ровови и да се омаловажуваме и не почитуваме едни со други“, истакна Костовски.

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ