• Latest

Ковачевски: Инвестираме во обновливи извори на енергија за успешна енергетска транзиција

April 15, 2022

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Ковачевски: Инвестираме во обновливи извори на енергија за успешна енергетска транзиција

April 15, 2022 12:44
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија спроведува успешна енергетска транзиција која на среден и на долг рок ќе обезбеди сигурност со снабдување на енергенси, одржливост на енергетскиот систем и ќе биде праведна за сите граѓани. Премиерот Димитар Ковачевски, во своето излагање на Економскиот форум во организација на „Finance Think“, зборуваше за текот на реализација на енергетските проекти во Северна Македонија, информираат од владината прес служба.


„Секоја криза претставува можност, за таа цел беше изработена Стратегија за транзиција на електро енергетскиот систем. Пред десеттина дена ја пуштивме првата фотоволтаична централа на старите наоѓалишта на јаглен во „Осломеј“, 10 мегавати тоа е државна инвестиција која што е помогната со ЕБОР, тука веќе се планирани и ќе отпочнат со градба уште 2 од по 50 мегавати фотоволтаични централи кои што ќе бидат изработени врз основа на концептот на јавно приватно партнерство со компании од Турција „Фортис“ и од Бугарија „Соларпром“ и уште една 10 мегавати која што ќе биде во сопственост на ЕСМ, практично со што ќе се замени 120 мегавати работата на „Осломеј“ од јаглен со 120 мегавати моќност на фотоволтаични централи од обновливи извори на енергија и тоа е прв пример во Југоисточна Европа“, изјави премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски додаде дека, во втора фаза е проектот Чебрен, еден монументален историски проект којшто го воделе веројатно сите Влади, кој за прв пат се наоѓа во втора фаза. Како што кажа Ковачевски веќе има девет понудувачи кои што деновиве се на теренско разгледување на просторот каде што тоа треба да се прави, за рамноправно да учествуваат на тој тендер. Премиерот подвлече дека очекува втората фаза да успее и да имаме избрано изведувач.

Основа на македонската енергетска транзиција која ја спроведува Владата е ефикасното искористување на расположливите природни ресурси, како што се сонцето, ветерот и водата. Северна Македонија ќе ги следи добрите практики на политиките на Европската Унија како сериозен партнер во реализацијата на Европскиот зелен договор, активности кои се однесуваат на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност како и декарбонизацијата, а во насока на зачувување на животната средина и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните.

Визијата на Владата во следниот период е развој на сигурен, ефикасен, еколошки и конкурентен енергетски систем што е способен да го поддржи одржливиот економски раст на земјата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ