• Latest

Ковачевски: Ни треба продолжување на дијалогот на ниво на работни групи

June 16, 2023

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Ни треба продолжување на дијалогот на ниво на работни групи

June 16, 2023 18:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставните измени се регулирани согласно со законската процедура и тие во моментов се наоѓаат во работните тела на Владата, информира премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во вестите на Канал 5 телевизија.

Штом ќе биде завршено нивното финализирање и формализирање од технички аспект и содржински ќе бидат доставени до Парламентот каде што ќе отпочне процедурата. Во однос на дијалогот со ВМРО – ДПМНЕ, лидерската средба беше свикана од моја страна навистина со добра волја и со цел да изнајдеме заеднички јазик, обединето да ја донесеме оваа одлука. Бидејќи и за ВМРО – ДПМНЕ не е лесно, како голема партија во државата, опозициска партија, да не поддржи ниту една одлука стратешка за државата, ниту членството во НАТО, ниту преговарачката рамка, ниту договорот со Фронтекс, каде што за прв пат го имаме македонскиот јазик без никакви додавки, фусноти и појаснувања, на договор со сите други јазици членки на ЕУ, одобрен од сите земји членки на ЕУ, вклучително Бугарија и Грција. Сметам дека подавањето на рака за едно такво обединување е вистинскиот чекор. Се надевам дека и во ВМРО – ДПМНЕ, оние кои што се за европски интеграции на државата, за продолжување на европскиот пат, ќе успеат да го кажат својот глас, да го искажат своето мислење, и одлуките на партијата ќе бидат во насока, заедно ќе ги донесеме одлуките кои значат подобра иднина за државата мерена низ сите параметри ако се спореди со земјите кои што не биле членки на ЕУ а денес се членки на ЕУ, кажа Ковачевски.

Во однос на повикот на Христијан Мицкоски за ТВ дуел, премиерот одговори:

-Прво ние имаме многу јасни ставови после лидерската средба, многу јасни ставови соопштени преку прес конференција. Она што во моментов ни треба е продолжување на дијалогот на ниво на работни групи кои што ќе треба да ги договорат деталите на процесот како ќе се одвива во иднина. Бидејќи ако опозицијата ги кажа своите ставови, а тоа е дека нема проблем со вметнувањето на други делови од народи, вклучително и бугарскиот во нашата Преамбула, тоа го кажаа јавно. Со тоа дека се согласни да влезат во Владата, дека се согласни таа Влада да ги заврши уставните измени, да ги отвори поглавјата, да го заврши скринингот и т.н, и потоа да се оди на избори, прво со техничка Влада, согласно со закон и дека парламентот може да носи таква одлука, тогаш не гледам пречка зошто не би продолжила работата во работните групи. Сметам дека на граѓаните во моментот не им требаат безполесни дебати и дуели, на кои што ќе се искажуваат политички ставови кои што се вон политичкиот процес кој што се води. На граѓаните им треба обединетост, на државата и треба обединетост, за да можеме да го продолжиме европскиот пат на државата. Тој европски пат не е пат сам за себе, ниту пак одлуката е одлука сама за себе, тоа е еден од чекорите за остварување на втората цел на државата, после членството во НАТО, зачленување во ЕУ. А бенефитите се за граѓаните пред се, поголеми плати, поголеми пензии, повеќе работни места, повисок животен стандард, заклучи Ковачевски.

Tags: ВМРО-ДПМНЕЕУзаеднички јазикКовачевскиуставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ