• Latest

Ковачевски: САД има стратегија за борба против корупција и ни помага како земја-партнер

December 28, 2022

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Ковачевски: САД има стратегија за борба против корупција и ни помага како земја-партнер

December 28, 2022 22:06
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадата на САД го најави доаѓањето на американските истражители кои работат на идентификување на факти, на лица кои според критериумите на САД се лица кои што загрозуваат одредени процеси и кои што можат да се најдат на американската црна листа, рече во интервјуто за МРТ, премиерот Димитар Ковачевски. Тој информира дека тие немале состанок со него како претседател ниту пак имало потреба да имаат состанок.

– Инаку, ние не смееме да заборавиме дека САД се стратешки партнер на нашата држава од самото осамостојување до ден денес. Така ќе биде и во иднина. Тоа значи дека во текот на изминатите години и децении САД во голема мера го помагале развојот на нашата држава, материјално, преку пренесување на знаење, преку финансирање на различни проекти во различни области а една од областите е секако унапредувањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Тука би се осврнал на еден важен документ, а тоа е стратегијата за борба против корупција објавена од страна на претседателот на САД во 2021 година која што се точно наведени опасностите од корупција, како корупцијата негативно влијае врз целокупното општество, врз процесите во општеството, економијата, образованието, здравството итн., рече Ковачевски.

Тој додаде дека САД имаат механизми и стратегија со која што се борат против корупцијата како во САД, но така и им помагаат на земјите кои ги сметаат за свои партнери.

– Сето ова го сметам за додадена вредност на сите активности кои во нашата држава се преземаат во поглед на зголемувањето на владеењето на правото, во унапредувањето на борбата против корупцијата, во идентификувањето на криминалните активности. Само за податок ако ги погледнете извештаите на МВР, за 50% е зголемено идентификацијата на криминални активности. Исто така во голема мера е унапредено работењето во нашата држава во последните  6 години. Ние пред 6 години во сите меѓународни извештаи бевме заробена држава заради тоа што практично државата и сите нејзини институции беа узурпирани од страна на политиката и 6 години ни требаше на почетокот на оваа година да се вратиме во друштвото на демократски држави, односно држави во кои владее демократијата. Тоа претставува поттик за понатамошно унапредување на сите области на живеењето во државата, а тука пред се треба да се унапредува владеењето на правото и борбата против корупција бидејќи тоа е она што граѓаните го идентификуваат како поле во кое треба да се направи поголем исчекор, истакна Ковачевски.

 

Тој нагласи дека вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска е практично контакт точка за пријавување корупција и кај нејзе на најразличен начин се пријавуваат одредени сомнежи кој што различни институции, граѓани и организации ги имаат во однос на работењето на одредени поединци кој што се во функции.

– Нејзиниот кабинет не прави истраги не спроведува никакви дејности во тој дел со оглед на тоа дека тоа не е целта туку она што го добиваат како информации го проследуваат во различни институции во државата истражните и правосудните органи, тоа значи дека доколку се работи а таа имаше изјава дека се работи за три пријави, доколку се работи за предистражни постапки тогаш согласно процедурите на истражните органи не може да објавуваат имиња, и тие имиња не се споделени ниту со мене бидејќи не е во делот на споделување со претседател на влада туку со истражни и правосудни органи. Штом ќе завршат предистражните дејствија доколку има потврда и основа за реакција во однос на тврдењето тогаш нормално и јавноста ќе биде информирана, заклучи Ковачевски.

Tags: Димитар КовачевскиСАДстратешки партнер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ