• Latest
Фото: миа.мк

Ковачевски: Се надевам дека Трајанов нема да стане заложник на Апасиев, Владата ќе биде изгласана со над 64 гласови

February 14, 2023
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Се надевам дека Трајанов нема да стане заложник на Апасиев, Владата ќе биде изгласана со над 64 гласови

February 14, 2023 11:45
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката којашто ја донесе Демократски сојуз не претставува никакво нарушување на силината и на стабилноста на владиното мнозинство, оцени премиерот Димитар Ковачевски. Тој посочи пример – дека вчера биле изгласани многу важни закони, како што се оние поврзани со ‘Отворен Балкан’, за слободно движење на луѓето, но и Договорот за Фронтекс, со којшто за првпат македонскиот јазик стана дел од официјалните јазици на ЕУ.

„Она што го ветивме тоа и го остаривме и тоа го ратификуваше Собранието. Она што можам да кажам е дека ме радува што Демократски сојуз кажа дека останува на европскиот пат и на поддршка на такви одлуки, што не можеше да се потврди до сега во пракса, освен декларативно, бидејќи видовме дека и вчера не го гласаше пратеникот на Демократски сојуз договорот Фронтекс, за жал“, изјави Ковачевски.

Сепак, премиерот не ја исклучи можноста Трајанов во иднина да покаже дека држи до декларациите.

„Ќе има можност во иднина своите декларации да ги покаже и во пракса. Тој тоа го најави во петокот кога имавме разговор со него, меѓутоа сакаа да го соопштат самите. Јас очекувам дека нивните функционери веќе во текот на денешниот ден ќе ги поднесат своите оставки. Тука, пред сѐ, мислам на заменик министерот за локална самоуправа. Се надевам дека, како искусен политичар, господинот Трајанов нема да се доведе во ситуација како Мицкоски, да стана заложник на Апасиев и нормално дека ние како Влада, како коалициона Влада и како парламентарно мнозинство остануваме отворени за сите политички партии, за сите поединци и за сите организации кои што се за продолжување на европскиот пат на државата и за полноправно зачленување во ЕУ“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека владиното мнозинство е силно и стабилно, а реконструкцијата на Владата ќе помине со над 64 гласови.

„Јас и вчера кажав дека реконструкцијата која ја поднесов не беше водена од персонални и кадровски побуди туку од тоа државата да има стабилно мнозинство кое ќе може да ги носи економските закони, кое ќе може да носи правосудни закони односно реформи во сите значајни области во државата и притоа да не биде блокирано од опозицијата со оглед на тоа дека тое е единствено нешто што опозицијата го прави во изминатите 2 години. Сметам дека сите владини партнери се за такво ефикасно работење на собранието и дека внесувањето на Алијанса која има 8 пратеници дека ќе го зацврсти мнозинство и дека ќе можат многу поефикасно да се носат законите кои значат реформи и унапредување на државата но и животниот стандард на граѓаните во сите области“, заклучи премиерот, изјави од село Ресава, Кавадаречко.

Tags: владаДимитар КовачевскимнозинствоопозицијаПавле Трајанов
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ