• Latest

Ковачевски: Се работи за хакерски напад на ФЗОМ, наредните денови решение за исплата на платите

February 16, 2023

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Се работи за хакерски напад на ФЗОМ, наредните денови решение за исплата на платите

February 16, 2023 11:57
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека блокираната интернет страница на Фондот за здравствено осигирување (ФЗОМ) која веќе неколку дена не е во функција, претставува хакерски напад. Со експертски тимови од Германија, како што соопшти денеска, се работи на овој проблем, но разговарано е и со Министерството за финансии да се изнајде начин за исплата на плати на вработените во здравствениот сектор.

Ковачевски апелира до корисниците на ФЗОМ да бидат трпеливи, зашто, како што напомена, се прават максимални напори да нема застој во давањето на услугите.

-Сe  работи за хакерски напад на ФЗОМ, за ист тип хакерски напад каков што имаа Министерството за земјоделство пред извесен период и некои други институции. Се работи за напад кој е дел од хибридната војна што се води моментно во Европа покрај класичната војна во Украина по нападот од страна на Русија. На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави и тоа особено членки на НАТО. Сетете се само на хакерските и на сајбер нападите што беа во Албанија и во Црна Гора и во други држави. Тимовите на Министерството за здравство и на ФЗОМ, пред се, но и на други институции, работат заедно со експерти и професионалци од Германија и од други партнерски држави со цел да се реши проблемот, бидејќи во овој момент не може да функционира трезорот и исплатата на финансиските средства од ФЗОМ по различни основи. Вчера доцна навечер разговарав со министерот за финансии да се изнајде начин, бидејќи тие во наредните денови ќе имаат решение. Меѓутоа, свесен за тоа дека вработените немаат земено плата, а дека имаат свои обврски по кредитни, дебитни картички итн., разговаравме да може да се направи исплата преку Централниот трезор, а потоа да се направи порамнување со трезорот во ФЗОМ, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на новата градинка во Волково.

Според премиерот, се работи за комплексна операција.

-Упатувам апел до сите вработени во здравствениот сектор, до сите корисници на ФЗОМ, да имаат трпение, бидејќи навистина вработените во ФЗОМ деноноќно работат со цел овој проблем да биде решен во корист на сите корисници на услугите на ФЗОМ. Ние обезбедивме преку вработените во ФЗОМ во изминатиот период да нема застој во давање на услугите со тоа што ги продолжија и своите работни часови вработените, дел од процедурите беа променети од дигитално во мануелно процесирање на барањата на осигурениците, особено на оние што одат од државните во приватниот сектор и обратно за одредени прегледи и за одредени интервенции. Така да, мислам и ова ќе биде решено, подвлече Ковачевски.

Tags: КовачевскиФЗОМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ