• Latest

Ковачевски во Минхен се сретна со Шолц, Столтенберг, Пелоси, Лајен и многу други државници

February 19, 2023
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски во Минхен се сретна со Шолц, Столтенберг, Пелоси, Лајен и многу други државници

February 19, 2023 12:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Минхенската безбедносна конференција имаше средби со претседателката на Евроспката комисија Урсула Фон дер Лајен, со германскиот канцелар Олаф Шолц, со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со доскорашната претседавачка на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси.

– Срдечна средба со претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лејен. Уште еднаш ја потенциравме важноста Северна Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ. Нашите пријатели од ЕУ нé поддржуваат и помагаат во реформските процеси на земјата. Европскиот пат на земјите од Западен Балкан е важен за стабилност на регионот, безбеден и просперитетен живот, што нашите граѓани го заслужуваат, објави Ковачевски на својот фејсбук профил.

На средбата, пак, со германскиот канцелар Олаф Шолц е потенцирата недвосмислената поддршка на Берлин за европскиот пат на Северна Македонија.
– Дискутиравме за неопходноста од забрзување на евроинтегративните процеси, кои се важни за безбедноста и стабилноста на регионот. Германија е наш безрезервен поддржувач и значаен партнер при интегрирањето на нашата држава во ЕУ, напиша Ковачевски.
По панелот „Алијансата и подалеку од неа: партнерства за Европската безбедност”, премирот имал куса средба и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
– Една година по воената агресија врз Украина НАТО е обединет како никогаш досега во поддршката на Украина и ќе ја поддржува сè додека е потребно. Во оваа насока беа пораките на панелот. По обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му пренесов дека Северна Македонија е целосно посветена во градењето на партнерства за одржување на безбедноста во Европа и секако на Западен Балкан, посочува Ковачевски.
Тој во Минхен го прследи и панелот „САД во светот” на кој се обрати американската потпретседателка Камала Харис.
– На панелот потпретседателката се осврна евроатлантската обединетост која е посилна од било кога, иако трети страни се обидуваат таа обединетост да ја растурат, како и на Евроатлантизмот, кој се додека е жив, САД ќе бидат присутни во Европа. Потпретседателката Харис се осврна на годишнината од бруталната инвазија на Русија и порача дека Киев нема да падне. Во своето обраќање потпретседателката се заблагодари на сите НАТО членки за силното евроатлантско партнерство во Алијансата, наведува премиерот Ковачевски на ФБ.

Премиерот Ковачебски на Минхенската безбедносна конференција се сретна и со Ненси Пелоси, како што посочува, голема пријателка на нашата земја, при што се заблагодарил за нејзината долгогодишна поддршка и придонес кон стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија.

Во рамки на Минхенската безбедносна конференција, премиерот Димитар Ковачевски учествуваше на затворена панел дискусија посветена на европската интеграција на земјите од Западниот Балкан. Заедно со други лидери и високи претставници од регионот, претставници на невладината и академската заедница, учесниците разговараа за предизвиците и можностите на евроинтеграцискиот пат.

Премиерот Ковачевски заедно со вицепремиерот Бојан Маричиќ остварија средба и со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. На средбата се говореше за неопходноста од забрзување на процесот за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со приоритет на Северна Македонија.

Ковачевски: Финска и Словенијa со поддршка за што побрзо членство на Северна Македонија во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски во својот Фејбук профил објави дека на Минхенската безбедносна конференција се сретнал и со финската премиерка Сана Марин и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар.

 -Со финската премиерка Сана Марин и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар говоревме за вредностите и принципите на Алијансата кои придонесуваат во регионалната безбедност и зацврстување на единството во НАТО. Брзата европска интеграција на земјите од Западен Балкан е исто така важнa за економската безбедност и стабилноста во Европа.

Tags: Димитар КовачевскиОлаф ШолцФон Дер Лаjен
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ