Премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на четвртиот самит на Советот на Европа кажа дека кога во Европа се случи незамисливото, што предизвика огромно страдање на украинскиот народ и опустошување на земјата, која, како што додаде, сакаше да го избере својот иден пат и своите сојузници, се покажа непоколебливата солидарност и веднаш беше исфрлена Руската Федерација од Советот на Европа.
-Стоевме и сè уште сме обединети во барањето одговорност за извршените злосторства. Почнавме да размислуваме и за тоа што добро правиме во Стразбур и каде можеме да се подобриме. И правиме многу добро. Започнувајќи како мировен проект во 1949 година, Советот се разви во светилник на надеж за милиони Европејци преку Европската конвенција за човекови права. Неговите норми и стандарди придонесоа за подобрување на животот на нашите граѓани. Нејзините органи на набљудување служат како чувари на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Она што нашите граѓани го очекуваат од нас како лидери е повторно да се посветиме на вредностите што сите претпоставувавме дека ги почитуваат при приклучувањето кон оваа организација – да покажеме политичка волја и да ја зајакнеме нашата колективна решеност за да го одвратиме демократското назадување, што го вознемирува нашиот континент далеку пред агресијата против Украина. И да се обезбеди живот во стабилност и достоинство за секој поединец и просперитетни и издржливи општества, додаде премиерот.
Ковачевски потенцира дека Северна Македонија целосно ја поддржува Декларацијата од Самитот и сите анекси.
ЦМТ