Европската унија денеска ја повтори својата поддршка за нуклеарниот договор со Иран, во пресрет на обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп при што ќе ја соопшти својата одлука за иднината на тој документ.
– Договорот функционира и ние остануваме посветени на неговата примена, изјави портпаролката на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, Маја Коцијанчич.
Таа напомена дека Меѓународната агенција за атомска енергија десетпати досега потврдила дека Иран ги почитува обврските.
– Тоа не е договор заснован на доверба, туку на факти, заклучи Коцијанчич.
Инаку, Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврдат дека Техеран лаже за своите нуклеарни амбиции и дека на Иран не може да му се верува. (МИА)