• Latest

Коѕијас: Опозицијата во двете земји користи говор на омраза

July 21, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Коѕијас: Опозицијата во двете земји користи говор на омраза

July 21, 2018 13:55
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Нова демократија и ВМРО се хранат со проблемите, а ние со решенијата, опозициите во двете земји користат говор на омраза, вели шефот на грчката дипломатија во интервју за „Ефимерида тон синдактон“.

Никос Коѕијас, за викенд изданието на грчкиот весник, говорејќи за реакциите во двете земји, вели дека она што него го загрижува не е несогласувањето околу договорот, „бидејќи од една гледна точка, тоа е нормално“, туку е загрижен за тоа каде ќе ја одведе земјата „ширењето и легализацијата на екстремниот десничарски говор на омраза“.

– Опозицијата во двете земји е опозиција која користи заеднички говор на омраза. Ја негуваат политичката омраза во сите нејзини димензии: како во внатрешноста, така и во меѓудржавните односи. Нова демократија го отфрла договорот со образложение дека сѐ му предадовме на Скопје. Иванов и неговата партија не го ратификуваат договорот бидејќи, наводно со тоа, неговата земја и се потчинува на Грција. Ако се поврзат овие работи, лесно може да се заклучи дека и во двете земји се работи за партии што се хранат со оваа реторика, со нерешавањето на проблемите, со неактивноста, вели шефот на грчката дипломатија и упатува порака до сите оние граѓани во Грција, кои што не се согласуваат со Договорот, „да го прочитаат и да го проучат подобро“ и да видат „дали навистина се реални опасностите на кои што се повикува опозицијата“.

 

Никос Коѕијас уште еднаш повторува кои се следните чекори и во двете земји согласно Договорот, за потоа „заедно да се справиме со говорот на омраза, бидејќи сакаме да живееме во мир со народот од соседната земја“.

– Интересите меѓу двете земји се поблиски од оние на ПЈРМ со било која друга земја, додава министерот за надворешни работи на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија во интервјуто открива дека уставното прашање било најтешкото во преговорите.

– Најтешкиот момент беше кога завршивме со преговорите, но не го гледаа сите тоа така. Тешко беше да ги убедам ЕУ и ОН, нешто што на крајот се случи, да нѐ остават ние да ги најдеме агендата и решенијата. Бидејќи, колку повеќемина се вклучени со различни изговори или добра намера, толку посложени и тешки стануваат преговорите. За среќа, ОН помогнаа со нивната улога, а сите други останаа далеку од преговорите. Најтешката точка на самите преговори беше уставното прашање, вели Коѕијас.

На забелешката од новинарот дека Договорот од Преспа бил поздравен од дури и од Европската народна партија, но не и од Белград, шефот на грчката дипломатија вели дека верува дека мнозинството во Србија е позитивно насочено кон решението меѓу Македонија и Грција.

– За одредени националисти во Белград, кои за среќа се малцинство таму, имам чувство дека со овој договор завршија нивните „соништа“ за одново ставање на регионот под нивна хегемонија. Спротивно на овие кругови, верувам дека мнозинството политички сили и српското општество позитивно се насочени кон договорот, коментира Коѕијас, пренесе МИА.

Во однос на случајот со руските дипломати, шефот на грчката дипломатија, порачува дека Русија треба да ги почитува грчките национални интереси и се осврнува на внатрешните реакции во Грција, велејќи дека „сите оние што се прават големи патриоти, всушност потчинети“.

– Критериум во нашата политика се нашите национални интереси. Русија треба да сфати дека не може да не ги почитува националните интереси на друга држава, бидејќи се чувствува посилна од неа. Таков став нема да прифатиме,  вели Коѕијас. (МИА)

Tags: говор на омразаГрцијаДоговоримеКоѕијасМакедонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ