• Latest
Marion Kraske
photo: B. T. /CIVIL

Краске: Научени лекции од грешките на Западните земји за сегашната состојба на Украина

March 11, 2025
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Краске: Научени лекции од грешките на Западните земји за сегашната состојба на Украина

March 11, 2025 12:09
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕМОКРАТИЈА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Marion Kraske
photo: B. T. /CIVIL

Marion Kraske photo: B. T. /CIVIL

Share on FacebookShare on Twitter

Би сакала да рефлектирам малку повеќе во детали за историјата на мировниот процес, како што спомна Дерала, од  окупација на Крим, двоумењето, одлагањето, можност да се осврнам на германската улога, многу важно е да се разбере кои беа грешките на Западните земји, круцијални за оформување на научените лекции од овој процес, изјави Марион Краске, политички аналитичар и автор од Германија во првиот Панел: Отпор, мир и новата оска на автократијатана онлајн конференцијата на тема „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“. 

„Ќе се вратам на 2014 година на окупацијата на Крим, германската влада реакциите, особено на германската влада не доведе до таму каде што сме сега. Германската влада има кратко паметење, канцеларката Меркел тогаш дури притискаше за Северен ток, гасоводот помеѓу Русија и Германија, и дури даде интервју во 2022 година, дека го воочила проблемот со окупацијата и кршењето на меѓународното право, но посочи дека сакала „поврзување преку трговија“, не промена преку трговија, туку поврзување преку трговија, и мислела дека тоа е добра одлука во тоа време, со импликации на економијата. Политичкото водство сакаше евтин гас од Путин, и тоа беше гавниот фокус во тој период“, вели Краске.

Таа ова го смета за огромна историска греша со катастрофални последици кои не доведоа до сегашната состојба во Украина.

-Ова беше многу контрапродуктивно, и очигледно Путин се осетил моќен со ова нереагирање, од Германија, но и од остатокот од Европа, и го протолкува како зелено светло за натамошна акција за окупација на Украина“, рече таа.

„Како последица, Путин ја нападна Украина во 2022, и трета година гледаме многу слаба и некоординирана акција на западот, вклучително и на администрацијата на Бајден. Во Германија стана очигледно дека  има недостаток на разбирање за руската инвазија, имаше неколку изјави од канцеларот Шолц, кој зборуваше за територијални цели на Русија, а не дека се работи за режим, иако Москва стави јасно на знаењ дека се работи на уништување на цела нација.

Мислам дека беше целосно неразбирање на германскиот канцелар , кој во тоа време формулираше концепт на промена на времето, но без строга посветеност на имплементацијата, мислам дека ова е многу сериозно, имаме нешто круцијално, на лист хартија кое не беше инкорпорирано во нашата надворешна политика. И не доведе до стратешки грешки (пр. Воено не се подготвивме за овие промени, нашата армија немаше стратегија), а од друга страна не дадовме соодветна поддршка за Украина,

Сведочиме на целосна стратешко промашување на Германија, и не ги формулиравме стратешките цели,  имаше отворена дискусија дека Германија ќе ја поддржи Украина толку колку што ќе биде потребно, што не кажува ништо. Не беше формулирана најважната цел, дека ќе ја поддржиме Украина и се што ќе биде потребно за да може да победи. Тоа е разликата.

Ако не сме на чисто со анализите, во формулирањето на стратегиите, како можеме да дејствуваме адекватно. Ова треба да се знае, и дека Шолц ја блокираше владата да испорача системи за одбрана, како Таурус, на Украина, за што се дискутираше со месеци. Шолц зборуваше повеќе за можни цивилни жртви во Русија, отколку за вистинските цивилни жртви во Украина. Последниве 3 години сме сведоци на дека германскиот дискурс беше, помалку или повеќе доминиран од руската перцепција и перспектива, Што ќе каже Путин, што ќе нарави Путин, беа доминантни наративи во германскиот политички дискурс“, вели Краске.

Исто и во медиумите, нагласи таа, (што е интересно, кога зборуваме за дезинформациите денес, додека работев со новинарите во Дер Шпигел), ги споделувавме погрешните наративи кои водеа до погрешни дискусии.

Краске вели дека некои од водечките воени експерти во Германија го критикуваат Шолц за неговата неефикасна поддршка за Украина што би и помогнала на Украина за да ја добие војната. Не испорачавме доволно, нагласи таа.

„Последните резултати од изборите во Германија покажаа дека Шолц не е перципиран како лидер, особено кога станува збор за безбедноста на Германија и Европа. Затоа тој масовно изгуби кредибилитет и репутација. Затоа сега е многу очигледно дека Макрон и Стармер (Франција и Велика Британија) ја интензивираа и зајакнаа динамиката и последниве недели го преземаа водството, особено, нели после оној одвратен говор на Џ.Д. Венс на безбедносната конференција во Минхен, каде што стана јасно дека е крај за безбедносните гаранции на САД за Европа.

Сега гледаме дека оваа коалиција каде се исто така вклучени: Полска, Данска, Финска, Естонија… но интересно не и Германија. Ова е лекција што треба да ја научи новата Влада на Германија. Не знам дали забележавте, Господинот Шолц на Самитот во Лондон беше во третиот ред. Можете ли да замислите Ангела Меркел да стои во третиот ред? Секако дека, не. Ова е резултат на тригодишното одложување и несигурност што доаѓаше од господинот Шолц“, рече Краске.

Искрено се надевам дека со новиот канцелар Мерц, Германија ќе се врати во овој важен момент како сериозен партнер на меѓународната сцена, потенцира Марион Краске.

Д. Мишев

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Б. Т. /ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ