Непознат сторител извршил тешка кражба во канцеларија во барака на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на улицата „Петар Дељан“ во општина Кисела Вода.
Како што соопшти МВР, кражбата била извршена во периодот од 24 до 25 овој месец, а крадецот одзел лап-топ и куќиште со монитор.
Случајот бил пријавен во полиција и се преземаат мерки за негово расчистување.