• Latest
Фото: VOA

Кремер: Сите граѓани на Северна Македонија ќе го ценат членството во ЕУ, природна траекторија за земјата

August 3, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Кремер: Сите граѓани на Северна Македонија ќе го ценат членството во ЕУ, природна траекторија за земјата

Владеење на правото, одговорна и транспарентна влада, организирање фер и слободни избори би биле посакувани компоненти од една демократска земја. Тоа би било инспиративно за другите аспиранти кон ЕУ во регионот“, додава Ричард Кремер.

August 3, 2022 10:52
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО
Фото: VOA

Фото: VOA

Share on FacebookShare on Twitter

Не може да се прецизира што е следно и колку би траеле преговорите. Вака сублимира Ричард Кремер, добар познавач на случувањата на Западниот Балкан од организацијата Алијанса САД – Европа во Вашингтон  во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик. Го поздрави политичкиот чекор напред дека по 17 години од добивањето на кандидатски статус, Северна Македонија ги почна пристапните преговори. Изрази задоволство што ѝ Албанија е во пакет со Македонија.

„Што е следно? Тоа е прашање од 64.000 долари, како што велиме. Ова требаше да се случи многу порано, уште во ноември 2019-та. Северна Македонија и Албанија одамна имаат стремеж кон ЕУ и двете земји се ориентирани кон западните демократии, а не кон авторитарните режими, вели Ричард Кремер, од организацијата Алијансата САД – Европа во Вашингтон.

Тој не гледа проблеми да се организира каков било референдум за важно прашање, но потенцира дека Северна Македонија има демократски избрана влада во чија платформа е нагласен почетокот на преговори со ЕУ.

„Имаше компромиси. Бугарија мораше да направи отстапки, Северна Македонија, исто така. Така се постигнува напредок. Не се сите среќни секогаш при компромис, но тоа е суштината на преговорите. Негодувањата за прифаќањето на францускиот предлог се поради зголемени емоции во моментов. Но – на долг рок, мислам дека сите граѓани на Северна Македонија, ќе го ценат членството во ЕУ и во НАТО, што е природна траекторија каде се движи земјата во моментов“, додава Кремер.

Дали е можно до 2030-та, како што некои аналитичари предвидуваат, Северна Македонија и Албанија да станат дел од европското семејство?

„Остварливо е. Има генерализирање дека постои загриженост за нивото на корупција во Албанија. Но, албанскиот премиер Еди Рама покажа дека иако не може да се сузбие целосно, но има напредок на тоа поле. Истото се случува и во Северна Македонија. Владеење на правото, одговорна и транспарентна влада, организирање фер и слободни избори би биле посакувани компоненти од една демократска земја. Тоа би било инспиративно за другите аспиранти кон ЕУ во регионот“, додава Ричард Кремер, добар познавач на случувањата на Западниот Балкан.

Според него, регионот е ранлив на ширењето на руската пропаганда само доколку граѓаните веруваат во разните дезинформации, непроверени и сомнителни извори на информирање, предупредува Кремер.

„Тоа што гледаме во Бугарија, Босна и насекаде, на Западниот Балкан, ваквите руски дезинформации и лажни вести не поминуваат меѓу жителите на Балканот, со исклучок на Србија, каде владее постојана јавна поддршка за Русија и покрај бруталната и неиспровоцирана војна против украинскиот народ“, оцени Кремер, добар познавач на случувањата на Западниот Балкан од организацијата Алијанса САД – Европа во Вашингтон.

Се додека САД продолжуваат да им помагаат на земјите од Западниот Балкан да станат консолидирани демократии на слободниот и отворен пазар, ќе помогне полесно да се интегрираат во ЕУ, вели тој. „Индиректна корист, наместо директно наметнување, би требало да биде ангажманот на САД од било која администрација во Вашингтон кон Балканот“, додава Кремер.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ