• Latest

Крик до јавноста: Како до слобода, демократија и правда?

April 4, 2017

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Крик до јавноста: Како до слобода, демократија и правда?

April 4, 2017 11:28
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Очигледно е дека во Република Македонија не функционира ништо освен партискиот апаратус, воспоставен од осомничените во истрагите на СЈО – Никола Груевски и неговите соучесници“, се вели во денешното соопштение на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„Очигледно е дека највисоката институција во земјата, Собранието на Република Македонија, е парализирано.

Очигледно е дека администрацијата не функционира, освен како партиско месо за ширење омраза и поделби, за националистичка хистерија и заштита на осомничените за криминал, корупција, насилство и изборни измами. Нив ги предводат проѕирни манипуланти, добро платени со наши пари.

Очигледно е дека партиската судско-полициска машинерија и институциите за финансиска контрола се впрегнати во сеење страв и притисоци со истите цели како и манипулантите на улиците.

Очигледно е дека невладините фолиранти и мастодонти на општествената сцена немаат идеја, а веројатно уште помалку храброст, да ги изодат последните чекори кон враќање на демократијата и владеењето на правото.

Стотици илјади граѓанки и граѓани кои со години одлучно маршираа за слобода, демократија и правда сега се притаени и делумно збунети. Некои станаа жртви и на манипулациите и евтините, но не помалку опасни политички трикови на Груевски и неговиот послушник, узурпаторот на претседателската функција Ѓорге Иванов.

Едно мора да стане јасно.

Тешко спечалената победа на пркосните граѓанки и граѓани над авторитарниот и криминален режим мора да се брани секој ден, на секоја педа од нашата заедничка земја.

Не смееме да дозволиме политичките манипулации на националистите на обете страни да ни ја украдат слободата која се чини на дофат, но сè уште далеку поради блокадата на системот.

Потребна е гласност!

Гласност на секој поединец, акција на секој поединец.

Не смееме да дозволиме да завладее стравот и незнаењето. Не смееме да дозволиме да завладее насилството, а токму тоа е целта на криминалците.

Мораме да разговараме меѓу себе. Треба да им се обратиме на сите што ги познаваме, да споделиме информации за сè што се случува, да ги разобличиме сите што сакаат да опстане владеењето на стравот и криминалот, но и на оние што удобно се навалени во своите скапи фотелји и се оддадоа на уживање во своите функции.

Споделете ги своите идеи за излез од овој кошмар и бидете гласни.

Имате прашања или сте револтирани од пораките на партиите кои тврдат дека ги застапуваат Албанките и Албанците? Погледнете подобро. Прашувајте и барајте искрени и точни одговори. Имате право на тоа!

Имате сознанија или сте мета на притисоци и заплашување? Споделете ги. Барајте тие да престанат. Имате право на тоа!

Имате сомнежи за политичарите на едната, другата или третата страна? Кажете го тоа и барајте транспарентност и чесност. Имате право на тоа!

Проговорете!

Предложете што треба да направиме сите заедно. Повикајте ги оние што протестираат на разговор. Ќе разговараме за сите проблеми, за сите закани, за сите сомнежи.

Најважно од сè е да се вратат слободата, демократијата и правдата.

Сите имаме право на тоа!“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Tags: акцијагласностпарализирано Собраниесоопштениесподелување информацииЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ