• Latest

Мината недела ДИРЕКТНО: Криминалните тенденции, национализмот, референдумот и правото на глас

September 17, 2018
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025

ЦИВИЛ: Време е за одговорност – демократијата е во опасност!

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мината недела ДИРЕКТНО: Криминалните тенденции, национализмот, референдумот и правото на глас

September 17, 2018 18:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Во фокусот на ЦИВИЛ минатата недела се најдоа темите за референдумот, национализмот и правото на глас на граѓан(к)ите.

Џабир Дерала од ЦИВИЛ, директно и отворено зборуваше за она што ни претстои пред референдумот на 30 септември. Според него, самиот процес на површина донесе многу грди состојби на општеството.

„ …Грди состојби на она што се нарекува недоволно развиена граѓанска свест. Во нашата работа како луѓе кои се занимаваат со човекови права и слободи овој период е навистина голем предизвик. Да се соберат сите можни аспекти на деструктивните тенденции кои ги наметнува национализмот во јавниот дискурс. Сметам дека за да го најдеме лекот за оваа деструктивна димензија на општествено и политичко дејствување мораме да го знаеме коренот за тоа. А коренот се наоѓа токму во политичките центри на моќта, кои имаат многу сериозна спрега со криминалните и со бизнис центрите на моќта во земјата.

Ова е момент кога и институциите и оние што ја креираат целата атмосфера, меѓу другото и оние што го креираат јавното мислење мораат многу сериозно, многу решително без никакво двоумење и калкулирање, без потрага по бенефиции или профит од било кој вид, претежно финансиски, да побараат од политичките партии еднаш да се изјаснат јасно и да постапат според она што ќе го кажат“, вели Дерала.

Изборниот законик продуцира повреди на гласачкото право!

Не изостана ниту критиката кон промените во Изборниот законик, кои и овој пат не ги надминаа сериозните недостатоци со кои се повредува правото на глас.

„Ние во текот на нашата работа на долгорочното набљудување на референдумскиот процес забележуваме дека изборниот законик сè уште страда од сериозни недостатоци кои може да резултираат со повреда на гласачкото право. Една од нашите сериозни забелешки е тоа дека оние луѓе кои ќе се најдат во ситуација да патуваат во странство во последните денови пред денот на референдумот немаат можност да се пријават како гласачи во дипломатско конзуларните претставништва на Македонија. Тоа е така затоа што тоа не е предвидено со законите и процедурите. Тоа сметам дека сепак може да се коригира во наредните денови, со еден дополнителен акт кој нема зошто да го загрозува законот бидејќи тој е доволно широк и прилично несовршен. Така што еден акт којшто ќе им помогне на овие граѓанки и граѓани да го исполнат своето право на глас низ светот, мислам дека треба да се обезбеди и овозможи“, констатира Дерала.

Национализмот не дозволува постоење на индивидуална експресија

Во однос на се поприсутниот говор на омраза, национализмот и патриотизмот, Дерала за рубриката ДИРЕКТНО изјави: „Тука е една многу интересна работа за разликата меѓу патриотизмот и национализмот која ја гледаме насекаде во јавниот дискурс, особено во она што ние го нарекуваме војна на Фејсбук, или војна на зборови на социјалните медиуми. Тука може да се забележи дека всушност патриотот е оној кој ја сака својата земја, го сака општеството во кое живее, во коешто се обидува да придонесе. Тој е активен граѓанин или активна граѓанка. Тој со својата љубов, со својата идеја, својата енергија се обидува да му даде нов квалитет на живеењето во неговата земја.“

„Националистот е оној што мрази. Тоа е една деструктивна појава, деструктивен лик кој му припаѓа на едно минато кога националистите имале некоја позитивна, креативна улога во историјата и во општествата. Националистот е оној којшто ги мрази другите. Тоа се оние коишто не гледаат грешки кај „своите“, туку гледаат само грешки, страв и опасност од страна на „другите“.

Mрзата и ароганцијата на институциите го кршат правото на глас

ЦИВИЛ веќе десет години се занимава со мониторинг на изборните процеси, и секако, ќе го мониторира и претстојниот референдум.

„Секогаш сме се обидувале да имаме комплементарни активности на сите останати институции и организации за да нема преклопувања или судири. Таму каде што сме учествувале, сме учествувале од позиција на организација за човекови права и слободи. Наша главна задача е да го заштитиме правото на глас“, вели Дерала.

„За жал, правото на глас е повредено со лошиот квалитет на работата на Државната изборна комисија во изминатите години. Да се надеваме дека новиот состав на Државната изборна комисија, во дадените околности кои воопшто не им одат во прилог ќе успеат барем приближно да ги постигнат стандардите коишто се пропишани и со меѓународни закони, но и со Уставот и законите во Македонија“, додава Дерала.

Важно е граѓаните да донесат информиран избор!

ЦИВИЛ како организација е во постапка на акредитирање на референдумскиот процес. Според тоа без оглед на индивидуалните определби на луѓето кои се во јадрото на ЦИВИЛ, како организација има општ став кој се однесува само на исполнувањето на обврските на државата кон граѓанките и граѓаните,  односно обезбедување услови за непречено гласање.

„Ние како организација сме секогаш за тоа луѓето да ги искористат сите можности и сите права и да учествуваат во еден важен политички и општествен процес, а со тоа се подразбира дека ние како организација ќе повикуваме на гласање. Нема никому да му сугерираме како да гласа. Дали да гласа против или за, туку ќе ги охрабриме луѓето да го дадат својот глас. Значи да излезат да гласаат. Тоа е важно затоа што на тој начин се практикува демократијата. Демократијата не се само неколку функционери на власт, туку демократијата ја подразбираат сите граѓанки и граѓани на една земја и заради тоа сметаме дека тие треба масовно да излезат на гласање. Тоа е нешто за што ќе ги охрабруваме постојано, на терен.

Исто така, ние бараме од институциите да овозможат максимално почитување на човековото право на глас а со тоа да обезбедат услови, односно да ги санкционираат сите изрази на говор на омраза, сите обиди да се попречат луѓето да гласаат“, вели Дерала.

Учеството на ЦИВИЛ е пресудно

ЦИВИЛ – Центар за слобода, во моментов, соработува на терен со повеќе десетици луѓе, низ целата земја. Тоа се луѓе коишто ја скенираат состојбата веќе подолго време, во контекст на референдумот. Тие практично од првиот ден, од потпишувањето на спогодбата меѓу Македонија и Грција, ја набљудуваат состојбата на политичко, социјално и медиумско ниво. Тоа се луѓе коишто и претходно работеле и соработувале со ЦИВИЛ како граѓански новинарки и новинари, или спроведувале мониторинг на состојбите со човековите права и слободи. Во наредниот период од четири недели, тие ќе работат уште поинтензивно, пофокусирано и поструктуирано, на набљудување на спроведувањето на самиот референдумски процес.

Фокус на ЦИВИЛ секогаш е правото на глас на граѓанките и граѓаните, како фундаментално човеково право. Дали и колку нивното право е овозможено, односно обезбедено.

„Пред сè, се обидуваме да ги согледаме сите последици од лошиот Избирачки список за којшто востановивме дека не е во добра состојба, наспроти оптимистичките најави од институциите. Последиците од таквиот неквалитет на Избирачкиот список ќе бидат согледани, за жал, многу доцна, дури на денот на референдумот.

Ние, исто така, обрнуваме внимание на тоа дали граѓанките и граѓаните се под притисок на одредени структури во земјата. Поточно, дали тие се заплашувани или на било каков начин се опструирани за да го искористат своето право на глас на денот на референдумот. И, веќе имаме согледувања на тој план“, објасни Дерала.

Секој работен ден ДИРЕКТНО, со став за актуелните политички и општествени состојби.

Следете нè. Секогаш директни. Секогаш гласни!

А. Петровска

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: актуелнодиректноправо на гласреферендумЦивил
Share55Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ