• Latest

Дерала: Учеството на ЦИВИЛ е пресудно

September 10, 2018

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дерала: Учеството на ЦИВИЛ е пресудно

September 10, 2018 14:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Дерала, ЦИВИЛ: ЦИВИЛ – Центар за слобода, во моментов, соработува на терен со повеќе десетици луѓе, низ целата земја. Тоа се луѓе коишто ја скенираат состојбата веќе подолго време, во контекст на референдумот. Тие практично од првиот ден, од потпишувањето на спогодбата меѓу Македонија и Грција, ја набљудуваат состојбата на политичко, социјално и медиумско ниво. Тоа се луѓе коишто и претходно работеле и соработувале со ЦИВИЛ како граѓански новинарки и новинари, или спроведувале мониторинг на состојбите со човековите права и слободи. Во наредниот период од четири недели, тие ќе работат уште поинтензивно, пофокусирано и поструктуирано, на набљудување на спроведувањето на самиот референдумски процес.

Наш фокус е, се разбира, правото на глас на граѓанките и граѓаните, како фундаментално човеково право. Дали и колку нивното право е овозможено, односно обезбедено.

Пред се, се обидуваме да ги согледаме сите последици од лошиот Избирачки список за којшто востановивме дека не е во добра состојба, наспроти оптимистичките најави од институциите. Последиците од таквиот неквалитет на Избирачкиот список ќе бидат согледани, за жал, многу доцна, дури на денот на референдумот.

Ние, исто така, обрнуваме внимание на тоа дали граѓанките и граѓаните се под притисок на одредени структури во земјата. Поточно, дали тие се заплашувани или на било каков начин се опструирани за да го искористат своето право на глас на денот на референдумот. И, веќе имаме согледувања на тој план.

Понатаму, нашите долгорочни набљудувачи ќе го набљудуваат и спроведувањето на процесот на референдумот од институциите. Освен Државната изборна комисија и општинските изборни комисии, ќе бидат набљудувани и локалните власти. Ќе бидат набљудувани и постапките, односно спроведувањето на законските надлежности на Министерството за внатрешни работи. Но, исто така, многу сериозен фокус е и говорот на омразата и повиците на насилство. Тоа гледаме дека е ужасно интензивирано во последно време. Мислам дека ЦИВИЛ беше меѓу првите и најгласните организации кои укажуваа на тоа дека говорот на омразата може негативно да влијае врз спроведувањето на референдумскиот процес. Тие структури што се занимаваат со дистрибуција на омраза и со повици на насилство, повикуваме постојано да бидат санкционирани според законот.

Дознаваме од Министерството за внатрешни работи дека досега има над стотина пријави поднесени во Основното јавно обвинителство, меѓутоа, за жал, во овој момент не гледаме никаква разрешница. Тоа, според нас, е неприфатливо однесување на една важна, сериозна и одговорна институција во земјата.

Исто така, забележуваме дека говорот на омразата и насилството, повиците на насилство, поделбите меѓу луѓето…, ги спроведуваат и институции кои би требало да бидат на висина на својата задача. За жал, освен политички партии и други иницијативи коишто се очигледно поврзани со политички партии од опозицијата, и кои, исто така, се мета на дејстувањето и работата на странски разузнавачки служби, за што сме пишувале, гледаме дека и Црквата се приближува кон таквата негативна кампања која сее омраза меѓу луѓето. Што е спротивно на сите кодекси на оваа голема и важна институција.

Во секој случај, ЦИВИЛ ќе има и набљудување што се однесува и на однесувањето на невладините организации, на други иницијативи и на сите засегнати страни во целиот референдумски процес. Притоа, ќе имаме сериозна активност на нашата медиумска платформа, но уште поагресивна и динамична кампања – на самиот терен, која ќе се разликува од кампањата што ја спроведуваат и бојкотирачите, и Владата и Европската унија. Односно, ние ќе се обидеме да дадеме свој придонес кон повикувањето на граѓанките и граѓаните да го искористат своето право на глас. Излезноста е многу важна! Шансата да се искористи оваа демократска алатка, да се одлучи за едно важно прашање, е многу голема и важна и сметам дека учеството на ЦИВИЛ во овој процес ќе биде од пресудна важност.

Обработка на текст: Маја Ивановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Дехран Муратов


Видео-став на ЦИВИЛ е содржина што се објавува секојдневно и се однесува на актуелните општествени состојби.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

[divide]

Содржината е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“.

 

 

Tags: владаговор на омразаДИК; МВРЕУизлезностинституцииНВОпартииреферендумЦивил
Share63TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ