• Latest

Шекеринска на средби во Стејт Департментот: Македонија е подготвена за членство во НАТО

April 28, 2018
фото извор: Алта банка

АЛТА БАНКА: Кредити од 1,6 милиони евра и можен судир на интереси

November 16, 2026

(ИНФОГРАФИК) Алта банка Битола: Кој продава и каде ќе завршат милионите?

November 16, 2026

ЦИВИЛ: Ниту едно презиме, функција или политичка врска не смее да биде штит за насилството и неказнивоста!

November 16, 2026
Фотографија: Martti Salmi / Unsplash

Естонија ги затвора сите три гранични премини кон Русија од 1 декември по обидот за саботажа

November 16, 2026

АЛТА БАНКА БИТОЛА НА ПРОДАЖБА: Кој има право да ги продаде акциите и каде ќе завршат милионите?

November 16, 2026

Потресна објава на мајката на Сара: Ќерката е во болница, осомничениот на слобода – кој ја штити правдата?

November 16, 2026
Фото: Б.Јирдановска / ЦивилМедиа

ЕУ ја засилува поддршката за Украина пред зимата и предупредува на руските хибридни закани

November 16, 2026
Илустрација ВИ

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден за толеранција: Толеранцијата не е молчење пред агресијата и омразата – нема мир без правда

November 16, 2026
NVIDIA (photo:  Wikipedia)

NVIDIA во криза: Меѓу секс скандалите и шпионажата

November 16, 2026

Држава на апсурди и индиции за продолжување на уривањето на Системот за заштита и спасување

November 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска на средби во Стејт Департментот: Македонија е подготвена за членство во НАТО

April 28, 2018 11:38
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на вториот ден од официјалната посета на САД се сретна со  заменик – помошникот на секретарот за одбрана Лора Купер и со високи официјални лица во Стејт Департментот.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата со првиот заменик – помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт Департментот, Елизабет Милард, министерката Шекеринска ги образложи аргументите поради кои Македонија го заслужува членството во НАТО – зголемувањето на буџетот и платите за Армијата, одбранбените реформи, зголемувањето на бројот на војници во мисијата во Авганистан, но и на поширок план – враќањето на критичките и слободни медиуми, владеењето на правото, активната транспарентност на која се обврза Владата како една од алатките против корупцијата.

Високата претставничка на Стејт Департментот Милард, се посочува, оддаде признание за напредокот, кој го постигна земјата само една година по кризните настани во Собранието, и потенцираше дека САД се силен пријател на Македонија кој одблизу го следи и поддржува прогресот на земјата.

шекеринска палмер

Во Стејт Департментот министерката Шекеринска се сретна и со заменик – помошник секретарот Метју Палмер, кој истакна дека работите во Македонија се одвиваат многу бргу, а земјата е подготвена не само да биде членка на НАТО, туку членка која активно придонесува во Алијансата.

На средбата со заменик – помошникот на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер, како што се навдува, министерката Шекеринска рече дека Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија забрзано работат на имплементација на потребните реформи, фокусирајќи се на Стратегискиот одбранбен преглед, кој е клучен документ за развојот на АРМ.

– Реформските зафати во МО и во АРМ и нашите резултати во развојот на одбраната покажуваат дека Република Македонија заслужува да биде дел од НАТО-Алијансата, рече Шекеринска на средбата.

Купер, од своја страна истакна дека САД високо го ценат прогресот на реформите во Македонија и посветеноста на стратешката цел – членството во НАТО, како и дека внимателно ќе ги следат состојбите во следните неколку месеци, во пресрет на Самитот на Алијансата.

шекеринска ири

Министерката во Вашингтон разговараше и со директорот на Меѓународниот републикански институт, Даниел Твининг, и регионалниот директор на ИРИ за Европа, Јан Суротчак.

Целта на средбите на Шекеринска во САД е да се обезбеди цврста американска поддршка во пресрет на Самитот на НАТО.

Посетата на министерката Шекеринска продолжува во Вермонт каде ќе се сретне со гувернерот на сојузната држава и со командантот на Националната гарда на Вермонт со која АРМ има блиска соработка, се посочува во соопштението.


Извор: МИА

Tags: МакедонијаНАТОпомошникот на секретарот за одбрана Лора КуперпосетаРадмила ШекеринскаСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ