Во врска со случајот со насилство врз дете во Кочани, за што постои и снимен материјал што се споделува на социјалните мрежи, ОВР Кочани ја известува јавноста дека во координација со ОЈО Кочани ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство врз дете“, а идентификувани се девет лица, со кои е извршен службен разговор и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава. По преземени мерки утврдено е дека настанот се случил на 11.04.2021 околу 20 часот во Кочани.
ОВР Кочани презема мерки и за расчистување на останатите инциденти кои следеле во текот на вечерта. Во координација со ОЈО Кочани до сега се приведени А.Н., Н.Н. и А.В., а извршен е службен разговор со 20 лица. По целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ЦИВИЛ Медиа претходно објави текст за насилничкото однесување на жители од кочанската населба „Трајаново трло“ кои претепале 10 годишно дете (Ромче) за наводна кражба.
Од ЦИВИЛ го осудија овој немил настан во Кочани и побараа овој изблик на расизам и националистичко дивеење да престане.
Д.М.