• Latest
Местото на несреќата на автобусот на „Беса-транс“ во Бугарија, фото: МИА

Кривична пријава за управителот на „Беса Транс“, во ЕУ до 2030, Лиз Трас нова премиерка на Велика Британија

September 5, 2022
Фотографија: Скриншот платформа Х

Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ја гледа во ЕУ

May 17, 2025

Речиси 60 Палестинци убиени во Газа во текот на ноќта

May 17, 2025

Владимиров, аналитичар, Бугарија: Основната цел на Русија е деструкција на нашите општества

May 17, 2025

Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

May 17, 2025
Дехран Муратов, новинар ЦИВИЛ(Фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Муратов: Да се биде новинар, прво треба да се биде човек, со зборови, но и со срце да не дозволиме Сребреница да се повторува

May 17, 2025
Граѓаните за Македонија - „Доаѓаме“, Скопје, 17 мај 2015

Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

May 17, 2025
Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

May 17, 2025
Ахмедин Шријељ, СДА Санџак, Србија (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

May 17, 2025
Фото: Скриншот

Студенти и граѓани трет ден ја блокираат судницата во Нови Сад

May 17, 2025
Фото: МИА

Велика Британија и САД работат на обезбедување траен прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан

May 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Кривична пријава за управителот на „Беса Транс“, во ЕУ до 2030, Лиз Трас нова премиерка на Велика Британија

September 5, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Местото на несреќата на автобусот на „Беса-транс“ во Бугарија, фото: МИА

Местото на несреќата на автобусот на „Беса-транс“ во Бугарија, фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ОЈО поднесе кривична пријава против управителот на „Беса Транс“

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава за фалсификување исправа против управителот на „Беса Транс“, кој е обвинет дека им давал на возачите кои управувале со автобусите лажен Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај и со неа тие ја преминувале државната граница.

Обвинителите во текот на постапката обезбедиле докази дека во периодот од 10 јануари до 21 ноември минатата година, автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини.

Во автобуската несреќа во ноември во Бугарија, во автобусот на „Беса Транс“ загинаа 45 лица.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: Целта ни е да ги завршиме преговорите во 2030 година

-Ја повторивме нашата заложба за полноправно членство во Унијата и со тоа ги повторивме европските вредности за кои што се залагаме. Преговорите официјално започнаа, а со тоа се наметна потребата што поскоро да се направи концепт за преговарачката структура, согласно новата методологија за водење на преговорите за пристапување во ЕУ. Целта ни е да ги завршиме преговорите во 2030 година. Тоа е реално и достижно. Сигурен сум дека во следното проширување на ЕУ ќе биде и Македонија. Тоа е реално и достижно. Сигурен сум дека во следното проширување на ЕУ ќе биде и Македонија, изјави премиерот Ковачевски на денешната прес конференција на која соопшти за одлуката за воспоставување на структура за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОНОМИЈА Стабилноста на финансискиот систем беше одржана успешно и во 2021 година при што речиси сите сегменти од финансискиот сектор остварија забрзан раст. Банкарскиот систем, како главен дел од финансискиот систем, ја задржа својата сигурност, а со носењето на макропрудентните мерки во доменот на противцикличниот заштитен слој на капиталот, дополнително се зајакнува неговата отпорност на шокови.

МЕМОРАНДУМ Денеска во Клубот на пратениците беше потпишан Меморандум за соработка и координација за ефикасна и ефективна примена на Законот за рестриктивни мерки од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, заменик обвинителот на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Ферат Елези, директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.

СВЕТ

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Лиз Трас ќе биде новата премиерка на Велика Британија откако го победи Риши Сунак во лидерскиот натпревар на Ториевците, пренесува Би-Би-Си.

Трас ќе стане премиерка во вторник, откако ќе отпатува да се сретне со кралицата во Балморал во Шкотска.

АВГАНИСТАН Двајца работници на руската амбасада се меѓу многуте луѓе кои загинаа во понеделникот во експлозија пред дипломатската мисија на земјата во главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува РИА Новости.

Бомбаш-самоубиец го активирал својот елек зад аголот од главната капија на руската амбасада, очигледно насочени кон локалното население кое чекало на ред за визи, јавуваат локалните медиуми.

ИРАН Две активистки за права на ЛГБТК+ лицата се осудени на смрт во Иран под обвинение за промовирање хомосексуалност, соопштија денеска активисти и апелираа меѓународната заедница да спречи извршување на пресудата.

Триесет и едногодишната Захра Седиги Хамедани и 24-годишната Елхам Чубдару се осудени во северозападниот град Урмија, информираше курдската организација за човекови права „Хенгав“.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Немири во руската единица во јужна Украина поради лошото снабдување

Војниците со 127-от полк на 1-виот армиски корпус, распоредени во јужниот дел на Украина, беа регистрирани немири поради големи проблеми со снабдувањето на фронтот, бидејќи единицата дури и нема достапна вода за своите војници, пренесува Укринформ повикувајќи се на Украинската оперативна команда Југ.

*

Претседателот на Лукоил, Маганов е осмиот руски енергетски извршен директор кој ненадејно почина оваа година

Равил Маганов, претседател на рускиот нафтен гигант Лукоил, почина во четвртокот откако падна од прозорецот на Централната клиничка болница во главниот град. Прераната смрт на Маганов е осми пат оваа година кога руски директор за енергетика ненадејно почина под невообичаени околности.

*

Четворица претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ја напуштија украинската нуклеарна централа Запорижја на 5 септември, а двајца членови на мисијата на МААЕ останаа на станицата, соопшти  украинската компанија за генерирање нуклеарна енергија Енергоатом преку порака на Телеграм, пренесува Укринформ.

*

Двајца цивили се убиени во непријателското артилериско гранатирање на селото Золочив во украинската област Харков., објави на Телеграм прес-службата на Регионалната воена управа на Харков, пренесува Укринформ.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Мaнипулации и дезинформации: Инцидентот со повредениот полицаец се злоупотребува за ширење етничка нетрпеливост

Порталот МКДенес.мк објави манипулативен текст со наслов „ВОНРЕДНА ВЕСТ: Арачиновец пукал во ПОЛИЦАЕЦ на ЕБР во Чаир, дали ќе добие субвенции?“, со кој се потикнува етничка нетолеранција.

Во текстот меѓу другото пишува „Нема информации дали убиецот ќе биде притворен или ќе добие субвенции од Буџет, како дискриминиран граѓанин“.

Со овој текст се дезинформира и потпалува јавноста дека наводно напаѓачот на припадникот на ЕБР нема ниту да биде приведен, бидејќи е „дискриминиран Албанец од Арачиново“ (израз кој го користат националистите во изминатиот период, откако ЕВН им ја исклучи стујата на арачиновци поради неплаќање на електрична енергија). Исто така безимениот автор/ка на текстот, осомничениот напаѓач го нарече „убиецот“, што е уште една лага бидејќи во самиот текст авторот самиот се дементира пишувајќи дека „полицаецот е хоспитализиран и вон животна опасност“.

СЛОБОДНА ЗОНА

 

Газменд Берлајоли

„Бруталната руска агресија против Украина вклучи голем аларм за безбедноста на светот, за економијата и меѓународната трговија, како и за глобалната енергетска архитектура. Покрај тоа, оваа војна го истакна фактот дека живееме во глобален свет и дека е невозможно војните да се задржат во географските граници на државите. Употребата на хибридни тактики почнувајќи од човечки загуби, уништување имот, предизвикување хуманитарни кризи, сајбер напади, пропаганда и дезинформации, како и економски тешкотии ќе резултираат со зголемени тензии и влошување на геополитичката состојба воопшто, па се очекува последиците да бидат глобални.“, пишува Газменд Берлајоли во колумната Живеење со предизвиците на непозната иднина.

*

Џабир Дерала

„Претседателот Бајден ќе остане забележан во историјата по највисоко ниво на соработка со политичките опоненти, особено ако се види бројот на клучни одлуки во Конгресот, каде што Бајден успеа да ги обедини политичките ривали. Но тој прави јасна разлика меѓу Трамп и МАГА Републиканците. Тој и во својот незаборавен говор по повод една година по нападот на Капитол Хил во Вашингтон, го нарече Трамп – поразениот претседател и говореше за трампистичките Големи лаги.“, прочитајте во анализата од Џабир Дерала, Американски предизвици: Бајден во битка против Трампизмот и антидемократските закани.

*

Љубомир Костовски

„Дали се сеќавате на онаа Македонска енциклопедија која пропадна како проект ама беше направена и на волшебен, електронски пат се најде пред јавноста. Тоа беше една криминално селектирана историја на оваа земја и заслужува поопширен осврт, но во неа имаше серизно потценување на сето она што оваа година го гледаме дека опстојува како лајтмотив на дејствувањето на македонските националисти! Тие, главно одамна влезени во Академијата  сега спречуваат да продолжат преговорите со Брисел, наводно заради „преголеми попусти“ кон Софија.“, пишува Љубомир Костовски во колумната МАНУ е одново и одново најсилен поттикнувач на евроскептицизмот на земјава.

*

Дијана Тахири

„Туку да ве прашам, вас загрижените и порачувачите, кој ви ги плаќа сметките? И за евтина и скапа струја, и за вода, и за облека, и за јадење дома и на работа, и за патни трошоци низ градот, државата и светот?

Минималната синдикална кошница за месец јули 2022 година изнесувала 40.554 денари, а кога ќе се додадат трошоците за живот, односно инфлацијата, каде се пресметани уште 6.488 денари, вкупната кошница, изнесувала 47.042 денари. За месец август сѐ  уште нема јавни податоци. Имајќи предвид дека просечната плата во земјава пресметана за месец август годинава, е 31, 869 денари, и дека многу семејства работат за минимални плати, како и многу за под минимални плати, а да не зборуваме за многу други семејства во кои нема ниту еден вработен, односно се социјални случаи, минималната кошница е недостижна. За работниците.“, пишува Дијана Тахири во колумната Не ни се мешајте во личната хигиена, тенџерињата и скапата струја!

*

Џабир Дерала

„Тврдат дека ја поддржуваат евроатлантската интеграција, но со сите свои постапки и политичко дејствување покажуваат само дека се антизападни и проруски структури. Интензитетот на сите дезинформации со кои се служат е пропорционален на интензитетот на национализмот што го промовираат и практикуваат секогаш кога можат. Брзината со која преминуваат од латентен до ултра национализам повеќекратно ја надминува брзината на звукот.

Во време на светска воена, економска и енергетска криза, суша, недостаток од храна и климатски промени, ја обвинуваат власта за покачување на цената на електричната енергија. Актуелен пример, „невин“ во споредба со неброени други: Ја обвинуваат власта дека трошела „народни“ пари за саемот на виното (Отворен Балкан). На саемот учествуваа 400 винопроизводители од 22 земји во светот (47 од Северна Македонија). Одлична можност за промоција на македонското производство, туризам, култура…“, прочитајте во Три кратки приказни за кредибилитетот, од Џабир Дерала.

*

Сотир Габелоски

„Претседателот Зеленски покажува и амбиција да го ослободи Крим и целосно да ја врати територијата на неговата држава. Тоа е она „ослободување“ на својот народ за што зборува украинскиот претседател.

Зеленски прераснува во уште поголем лидер. На почетокот бевме пријатно изненадени од неговата храброст, смелост и сталоженост, а денес нашите впечатоци одат чекор понатаму. Зеленски покажува дека може да биде победник.“, пишува Сотир Габелоски во колумната Зеленски покажува дека може да биде победник.

Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ