• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Три кратки приказни за кредибилитетот

September 5, 2022

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Три кратки приказни за кредибилитетот

Плус значење на поимот

September 5, 2022 07:00
in ES-PRESS-O, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Протагонистите се неспоредливо различни според пропорциите и штетата што ја предизвикуваат, но ги поврзува едно нешто. Читајте до крај.

Владимир Путин, Русија

Го негира постоењето на Украина, украинскиот национален идентитет, историја и јазик. Тврди дека Украина ја водат нацисти, иако и самиот претседател Володимир Зеленски има еврејско потекло, а неонацистите во земјата се помалобројни и немаат никакво политичко влијание, за разлика од ситуацијата во други земји, како што е Русија, на пример. Путин тврди дека води „специјална операција“ за ослободување на Украина. Само една од ноторните лаги (дезинформации) на неговата пропаганда е упорното тврдење дека САД имаат лаборатории за биолошко оружје во Украина.

Истовремено, неговата војска спроведува невиден терор, со грабеж и уништување на цивилни цели. За шест месеци светот посведочи на илјадници воени злосторства, раселување, тортура и масакр на цивили и силување на жени и деца.

Освен воена, води и една од најголемите машинерии за дезинформации во историјата. Ќе остане запаметен како еден од најкрволочните лидери во човековата историја.

Доналд Трамп, САД

Против Трамп се водат повеќе истраги. Поттикнување и организирање на државен удар (6 јануари 2021), опструкција на правдата, уништување или прикривање на записи „со намера да се попречи или да се влијае“ врз активноста на федералната влада, кршење на Законот за шпионажа, даночна евазија. И низа други.

Познато е дека не го крие своето восхитување од Путин. Дојде на власт во 2016 година под крајно сомнителни околности, но ја блокираше истрагата на агенциите за безбедност за странско влијание врз изборниот процес.

Изборите во 2020 година, организирани за време на владеењето на неговата администрација, ги нарече изборна кражба, без ниту еден доказ, а се обиде по пат на насилство да ја спречи транзицијата на власта. Сите контроверзии поврзани со неговото дејствување како политичар кој стана познат по ширењето дезинформации и говор на омразата, не му пречат својот политички ривал, претседателот Бајден, да го нарече „непријател на државата“. ФБИ и министерството за права ги нарече „злокобни монструми“.

Опозиција и „неутралци“, Северна Македонија

Тврдат дека ја поддржуваат евроатлантската интеграција, но со сите свои постапки и политичко дејствување покажуваат само дека се антизападни и проруски структури. Интензитетот на сите дезинформации со кои се служат е пропорционален на интензитетот на национализмот што го промовираат и практикуваат секогаш кога можат. Брзината со која преминуваат од латентен до ултра национализам повеќекратно ја надминува брзината на звукот.

Во време на светска воена, економска и енергетска криза, суша, недостаток од храна и климатски промени, ја обвинуваат власта за покачување на цената на електричната енергија. Актуелен пример, „невин“ во споредба со неброени други: Ја обвинуваат власта дека трошела „народни“ пари за саемот на виното (Отворен Балкан). На саемот учествуваа 400 винопроизводители од 22 земји во светот (47 од Северна Македонија). Одлична можност за промоција на македонското производство, туризам, култура…

*

Во сите три приказни може да се набројуваат многу случки и примери за тоа дека најгласни се токму оние чиј кредибилитет е разнишан или целосно изгубен.

Значењето на поимот кредибилитет

Според Официјалниот дигитален речник на македонскиот јазик, кредибилитет е „особина на тој што има, што заслужува доверба“.

Етимолошкиот речник на англиски, поимот кредибилно го дефинира како нешто „веродостојно, достојно за верување, на кое може да му се верува, што не вклучува невозможност; со позната или очигледна вистинитост или компетентност“. Со ова значење се среќава во литературата во доцниот 14 век и потекнува од латинскиот збор credibilis „достоен да се верува“, од credere „да се верува“ (кредо).

*

Овие белешки се напишани рано наутро на 5 септември 2022, пред самиот почеток на работната недела и на почетокот на учебната година. Одличен повод да се прогласи и почеток за оние што сакаат да го осознаат светот таков каков што е, а не таков каков што оние без кредибилитет сакаат да го претстават. Зошто да го чекаме следниот понеделник или следната учебна година? Може и сега.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ