• Latest
Добро утро со Орданоски

Криза? Та преку криза!

January 15, 2019

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Криза? Та преку криза!

January 15, 2019 07:15
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Е[/dropcap]те ги контурите на новата политичка криза во Македонија: бидејќи сите рационални околности и страни упатуваат на тоа дека вонредни парламентарни избори на Македонија годинава не ѝ се потребни; и бидејќи опозицијата, во немање на попаметна политика, инсистира на спојување на претседателските со вонредни парламентарни избори, за да не ги бојкотира редовните претседателски; јасно е дека или ќе се оди на спојување на изборите, што за последица ќе има хаотично прередување на власта и изгубена драгоцена година во средување на државата; или ќе се оди само на претседателски избори чиј резултат, без учество на опозицијата, ќе биде неисполнет цензус (па уставна криза), или, повторно, избран и политички непризнаен претседател од страна на опозицијата, која потоа и ќе го бојкотира целиот државен систем…

Како и да го свртиш, некаква политичка криза е на повидок. И – што да се прави?

Ништо посебно. Треба да се остави опозицијата да го прави тоа што мисли дека за неа е најдобро. Далеку е тоа од идеална ситуација, бидејќи е штета што одбиваат да го помогнат успехот на Македонија, но во демократија не можеш никого со сила да го натераш да помогне. Впрочем, опозиционерите доживеаја тежок пораз, треба да се остават да си ги лижат раните уште извесно време, па да се види дали ќе смогнат сили да се вратат во некаква нормална политичка игра. Ако не, ќе останат на маргините на самоизолацијата во која сега се наоѓаат, додека не се сетат на нешто попаметно. Како што личи, ќе потрае.

Власта, пак, има јасна агенда: во услови и на таква политичка криза, да ги турка реформите најдобро што знае, со многу поголема посветеност и енергија од сега. Ако се избере претседател, добро. Ако не се избере претседател, пак добро. Ќе се бира кога за тоа ќе се стекнат подобри општествено-политички услови. До тогаш – г-дин Талат, скоро исто како сега со Иванов, само малку подобро.

Сакам да кажам, од познати губитнички причини, ВМРО-ДПМНЕ има голем интерес од драмење, бидејќи кој губи има право да се лути. Другите не. На другите им се важни стабилноста и развојот. Мачна ќе биде таа работа со опозицијата во бојкот и постојано мрчење, но што и кога било во Македонија нешто со аирлија и за бериќет?!

Во тоа треба да се вкалкулира и одложеното дејство на Преспанскиот договор. Кога ќе помине малку време, на најголемиот број граѓани на кои тоа сега не им е, ќе им стане јасно дека „Проектот да те фати уплав“ што го туркаше опозицијата во врска со Договорот нема никаква основа – напротив, веќе оваа година од затворањето на проблемот со Грција ќе стигнат силни политички и економски дивиденди за Македонија. До сега за тоа мораше да им се верува на Заев и Димитров на зборови, а во блиска иднина за тоа ќе говорат и делата.

Затоа, кога ќе почне да се разговара со тие аргументи, климата за разрешување на оваа криза ќе стане значително подобра. Прашање е дали лидерите на опозицијата внатрепартиски ќе го преживеат ваквиот успех на Македонија, но кој и да е на чело на ВМРО-ДПМНЕ за година дена отсега (макар останале и истите!), нема да биде под пресудно влијание на Груевски од Будимпешта (којзнае тој, до тогаш, каде усвит ќе фати!), а ќе мора со нешто и да се занимава за да се бави со политика. Ако разбирате што сакам да кажам.

Затоа и мислам дека е паметно што Заев земал една недела заслужен одмор. Додека не се расчисти во Грција, овде ништо паметно нема да се одлучи, освен да се направи некоја глупост. Кога Договорот ќе помине и во Атина, тогаш работите ќе почнат и сами да се одмотуваат, кон подобро.

Со еден збор, не мора цела Македонија да ја споделува хроничната нервоза на Бачев и на Мицкоски. Тие што дробеле, тоа ќе сркаат, а се изнадробија и над очекувањата!

За другите работата е јасна: засукајте ракавите и, со песна, на работа до нови успеси! (Да, да, резултатите треба да бидат баш како од времињата како што ова ви звучи…)

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share534TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ