Тимот на ЦИВИЛ ги праша кумановчан(к)и што мислат за референдумот и колку се информирани за самиот процес.
„Мислам дека граѓаните се доволно информирани и треба да се излезе на референдумот“, вели еден кумановчанец.
„Нема да успее“, попатно дофрли една граѓанка.
„Мислам дека треба граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот, секако за подобра иднина на младите“, рече една од соговорничките.
„Ние сме сиромашни, како ќе одлучат тие, така ќе биде. Инаку јас сум за во ЕУ“, беше мислењето на друг граѓанин.
„За да дојде Европа тука, мора и европскиот закон да дојде. Гледам јас, по мое, еве колку гледам, се суди, се суди, а никој во затвор не оди“, објасни друг граѓанин.
Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски